Connect with us

Останато

Предупредување од германски климатолог: Времето истече, се соочуваме со катастрофа!?

Објавено

на

Веќе е предоцна да се ограничи глобалното затоплување на не повеќе од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа, предупреди во понеделникот германски метеоролог и климатолог пред форумот за климата што се одржува во Берлин.

Метеорологот и климатолог Моџиб Латиф во понеделникот изјави за германската медиумска групација Баерн дека „со денешните емисии на стакленички гасови, ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години“.

„Ако се земе предвид она што сега го прават политичарите ширум светот, ние сме напред за три степени повеќе“, продолжи Латиф.

„Се приближуваме до точка каде што треба да признаеме: Времето истече“, додаде тој.

„Три степени на глобално затоплување би биле рамни на катастрофа“, нагласи Латиф, посочувајќи дека секогаш се чинеше дека има поитни прашања од заштитата на климата.

Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на Петербуршкиот климатски дијалог што се одржува во понеделник и вторник во Берлин.

Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Состанокот е дел од првите дискусии за утврдување на агендата за климатската конференција на ОН COP27, која треба да се одржи во египетскиот крајбрежен град Шарм ел Шеик на почетокот на ноември.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно