Connect with us

Депозити

Предрасуда е дека жените и штедењетo не одат заедно!

Објавено

на

Ако сте една од оние жени кои ги превземаат работите во свои раце, мислат на иднината и сакаат да вложуваат, овој текст сигурно е за Вас!

Да почнеме од почеток!

Предрасуда е дека жените и штедењетo не одат заедно, а светот на финансиите и инвестициите го владеат целосно мажите или сликата за жената која е посветена само на семејството, а нема време за деловни размислувања. Жената која само троши, а кога станува збор за штедење или вложување, грижата околу овие прашања ја препушта на својот партнер. Ваквите предрасуди одамна се надминати.

Финансиската независност носи многу предности, а животните цели се постигнуваат со постепено и долгорочно штедење.

Имате стабилна работа која Ви овозможува да имате мали заштеди, истите сакате да се на сигурно и да се оплодуваат. Не сакате штедењето да Ви претставува напор, туку процес кој ќе биде прилагоден на вашите потреби, со можност за дополнителни вложувања во секое време!

Секоја модерна жена е добро информиранa, отворена е да ги ислуша советите и размислувањата на другите, но секогаш одлучува по сопствено убедување. Ги проверува информациите, настојува да ги има сите можности на увид. Факт е дека со енергетско – економската криза, вложувањата во акции бележат негативен индекс, а штедењето во банка сеуште е најсигурна и најстабилна опција.

Важно е редовно да ги следите понудите на македонските банки. Во моментов УНИБанка е една од банките која има највисоки каматни стапки за штедење, дури до 3,5% што е највисока стапка последниве години.

Позитивно е што можете во секое време да го следите растот на депозитот преку електронското и мобилното банкарство на УНИБанка, а фактот дека депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити претставува дополнителна сигурност.

За депозит во износ повисок од 615.000 мкд, имате можност дури и за стимулативна каматна стапка. Едноставно колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате!

Звучи неверојатно, ќе се сложите?!

Депозити

„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

Објавено

на

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

31 Октомври – најсреќниот ден за „Верверичката“ на Комерцијална банка

Објавено

на

Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно