Connect with us

Анализи

Предлог-буџет за 2020 вреден 3,9 милијарди – Дали е одржлив и на што најмногу ќе се троши догодина?

Објавено

на

Со Предлог буџетот за 2020 година растат социјалните трансфери, а ќе се одвојат повеќе пари за образование и здраство, ќе се зголемат платите на вработените во овие сектори, ќе се зголемат пензиите за 700 денари и ќе се плаќаат субвенции на бизнисмени за придонеси кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Според драфт верзијата на документот предвидено е и намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,3% од БДП или 17.385 милиони денари во апсолутен износ.

Државната каса ќе се полни од даночни приходи и придонеси во износ од 197 милијарди денари или за 7.1% повеќе во однос на собраните средства за 2019 година. Оваа проекција предлагачот на буџетот ја базира на зголемениот број на вработувања, поголемиот опфат во даночниот систем со корекција на дел од даночните стапки и со зголемување на износот на придонесите. Само од придонеси државата планира во 2020 година да собере 67 милијарди денари или за 9,1% повеќе пари од оваа година.

Буџетот и за 2020 година ќе има „социјален“ карактер бидејќи за социјални трансфери ќе се пренамени речиси една третина, односно 116 милијарди денари или околу 1,8 милијарди евра. За тековни плати и надоместоци за јавната администрација и вработените во државните сектори ќе се потрошат 30,6 милијарди денари или околу половина милијарда евра. Оваа ставка следната година ќе порасне за 7,7%. Трансферите за единиците на локалната самоуправа ќе бидат повисоки за дури 11,9% во однос на годинава. За локалната власт и буџетите на 80 општини и Градот Скопје ќе се потрошат 21 милијарда денари или околу 347 милиони евра.

Растот на БДП според проекциите е поставен на 3,8% најмногу базирани на очекувањата за зголемување на личната потрошувачка, поголемата опфатност на мерките за социјална заштита што значи и поголем доход кај населението, придвижувањето на евроатланските интеграции со членството во НАТО и зголемувањето на директните инвестиции за околу 8% како од домашните така и од странските инвеститори, што секако е многу амбициозна претпоставка.

Дел од бизнис заедницата веќе критикува дека овие проекции не се целосно реални бидејќи првата половина од следната година ќе ја одбележат предвремените парламентарни избори со формирање на Пржинска или техничка влада, почеток на изборната кампања, како и неизвесност се до формирањето на новата Влада некаде на почетокот на летото.

Даночните приходи за 2020 година се планирани во износ од 130,1 милијарди денари врз основа на горенаведените претпоставки. Најголемо учество во планираните даночни приходи има данокот на додадена вредност и тоа 42,8%, додека на акцизите отпаѓаат 22,2%. Во Буџетот за 2020 година планирано е 17,3 милијарди денари да се остварат по основ на неданочни приходи (административни такси, концесии и други неданочни приходи) и 2,2 милијарди денари како капитални приходи (по основ на продажба на општествени станови и земјиште и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком).

Социјалните придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско и здравствено осигурување и на Агенцијата за вработување се планирани во износ од 67 милијарди денари. Во оваа проекција вклучен е ефектот од зголемување на стапките на социјалните придонеси од 0,5 процентни поени кој е оценет на ниво од околу 1,1 милијарди денари во буџетите на соодветните социјални фондови. Во текот на 2020 година по основ на донации предвидени се 5,6 милијарди денари кои буџетските корисници е планирано да ги реализираат на сметките за сопствени приходи за конкретни проекти, како и повлекувањата од претпристапните фондови на ЕУ.

Кој дел од буџетот е развоен и колку средства ќе се искористат за поддршка на приватниот сектор и капиталните инвестиции?

За спроведување на активните политики и мерки за вработување планирани се 1,3 милијарди денари, кои ќе бидат насочени кон креирање на програми, мерки и услуги за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавањето на нови работни места, вработувањето на млади лица, поддршката за вработување на лица со попреченост, активација на корисниците на гарантирана минимална помош (ГМП) на начин што работоспособни членови на домаќинството ќе се вклучат во активните програми и мерки за вработување заради подобрување на нивната вработливост и вработување.

Со субвенциите во земјоделството и средствата од ИПАРД програмата ќе се обезбеди зајакнување и поддршка на овој сектор со цел зголемување на извозот на македонските земјоделски производи и освојување нови пазари. За зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, преку мерки за нови инвестициски вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања, поддршката на малите и средните претпријатија, иновативната дејност, технолошки развој и истражување и странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони планирани се средства во износ од околу 3 милијарди денари.

Капиталните инвестиции планирани на ниво од 23,6 милијарди денари, се обезбедуваат од буџетски средства, ИПА фондови и заеми. Истите се наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Поточно, во текот на 2020 година се планираат:

Капитални расходи за патната и железничка инфраструктура во износ од 3,4 милијарди денари. За модернизирање на постојната железничката инфраструктура ќе продолжи реконструкцијата на железничката пруга на Коридор X финансирана со заем од ЕБОР. Со овие активности ќе се подобри протокот на патници и стоки на оваа делница, ќе се намалат трошоците за одржување на железничката пруга и ќе се обезбеди посигурен и поефикасен 10 сообраќај. Во текот на 2020 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга – Коридор VIII – делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, финансирана од ЕБОР. Воедно, активностите кои се однесуваат на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, ќе се финансираат покрај со заем од ЕБОР и со грант средства од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан. Во рамките на проектот предвидени се активности за подобрување на технички карактеристики на пругата, изградба и рехабилитација на мостови, железнички станици, стојалишта, подвозници и надвозници. Во текот на 2020 година со заем од Светска банка ќе отпочнат активности за реализација на Проектот за локални патишта, со што ќе се подобри патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија. Воедно, во 2020 година ќе продолжат и активностите за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, кој е дел од новата регионална иницијатива на Светска банка, од каде се и обезбедени средствата за негово финансирање. Преку ИПА средства ќе се имплементираат проекти за изградба на патната делница Градско – Дреново како дел од патниот правец на Коридор Xd, рехабилитација на патниот правец А2, секција Куманово – Страцин (прва фаза), како и реконструкција и надградба на постоечкиот пат од Прилеп кон мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната секција од селото Беловодица кон Мавровскиот каменолом.

Вложување во енергетската и комунална инфраструктура и управување со отпад за што се проектирани капитални инвестиции во износ од околу 5 милијарди денари. Предвидено е продолжување на активностите околу изградбата на првата фаза од Националниот гасоводен систем, делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар, која се финансира со средства од заем од Дојче банка и Ерсте груп банка. Ќе продолжи со интензивирана динамика изградбата на водоводните и канализационите системи во општините финансирани од сопствени извори и со средства од кредитни линии од ЕИБ и КФВ банката. Истовремено, преку Проектот за подобрување на општински услуги, финансиран од Светска банка, ќе им се овозможи на општините и јавните комунални претпријатија да финансираат инвестициони зафати согласно своите приоритети во областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води, управувањето со цврст отпад и други инвестиции во општински услуги кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди, или пак кои се од висок приоритет за општините. Преку ИПА средства ќе се поддржи рехабилитација и надградба на колекторскиот систем во Скопје, рехабилитација на надградба на канализациската мрежа и изградба на пречистителна станица Кичево, Битола и Тетово, како и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депонии во Источниот и Североисточниот регион.

Уредување на технолошко индустриските развојни зони преку изградба на потребната инфраструктура и објекти и геомеханички истражни работи, за која намена планирани се 529 милиони денари.

Анализи

Жените се уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Објавено

на

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23% пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ЕБОР и НЛБ Банка со здружени сили за поддршка на корпоративниот сектор и населението

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„Finance Think”: По 14.934 денари по вработен за компании најпогодени од Ковид кризата

Објавено

на

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think” предлага враќање на мерката 14.500 денари по вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно