Останато
Предвремено ќе се исплаќаат и февруарските пензии


Владата на РСМ ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која ја добиваат пензијата, со парите ќе можат да располагаат од четврток (25.02.2021 година). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што пензионерите спаѓаат во една од најранливите категории на граѓани.
Останато
Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи
Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. (more…)
Останато
Бесими: Задолжувањето е оправдано кога продуцира повисок економски раст


При издавањето на државни хартии од вредност, трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој истакнува дека е потребна и планирана фискална консолидација, која буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го сведат под мастришкиот критериум на среден рок, а наведува и дека задолжувањето е оправдано, доколку истото продуцира повисоки стапки на економски раст. (more…)
Останато
Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје