Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Предвидување од Светска Банка: Македонија со економски раст од 2,5%

Објавено

на

Светска банка предвидува економски пораст од 2,5% на Македонија за оваа година, 2,9% за следната и 3,2% за 2020 година беше кажано денеска на презентацијата на редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан.

Од Светска банка оценуваат дека економијата во 2018 година закрепнува како резултат на порастот на приватната потрошувачка и повратот на дел од инвестиците.

– Се забележува пораст по квартали, има пораст на индустриското производство од 5,6%, движено од странските директни инвестиции и дел од домашнпто индустриско закрепнување. Градежништвото има негативен пораст во првата половина од 2018 година, движено од запирањето на градбата на дел од автопатиштата. Има поврат на динамиката на приватните инвестиции во високо градба, пораст на приватната потрошувачка поддржана од порастот на платите, пензиите – рече економистот на Светска банка, Бојан Шимбов.

Тој очекува дека во втората половина на годината приватната потрошувачка ќе се забрза, но и ивестициите во градежништвото.

Невработеноста на населението се намалува и се очекува таа да достигне до 20,4% до крајот на годината. Но, она што се оценува како негатовно е што невработеноста кај младите се зголемува, а и повеќе од половината од работната сила е неактивна, односно не бара работа и не е ангажирана на пазарот на труд. Платата во просек се зголемила за 5,5%, а најголемо зголемување има кај трудоинтензивните дејности и тоа од 10%.

Фискалниот дефицит има намалување и, како што рече Шимбов, се должи на зголемување на приходите и намалување на расходите заради недоволното извршување на капиталните инвестиции во 2018 година.

– На страната на приходите има пораст по сите основи социјални придонеси, акцизи, данок на добивка, персонален данок на доход, нето-данок на додадена вредност. Повратот на ДДВ е со забрзано темпо, се чистат заостанатите обврски на државата кон компаниите што е добро заради нивната ликвидност – додаде Шимбов.

Светска банка предвидува дефицитот до крај на годината да изнесува 2,6% од БДП, а јавниот долг 50% од БДП. Странските директни инвестиции се очекуваат да се зголемат од 2,2% лани на 3% годинава.

Како позитивни фактори од надворешното опкружување се оценува порастот на економијата во Европската унија, но како ризици се затегнатите финансиски услуги кон земјите во развој, што би подразбирало скапи кредити, стабилноста на регионот, ескалацијата на трговските спорови помеѓу САД и Кина.

Од домашните ризици, позитивни перспективи има изгледот на државата за пристап кон НАТО и ЕУ кои ќе влијаат на забрзување на структурните реформи, но од друга страна и нивно нарушување поради политички процеси, како што е изгледот за избори.

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange