Connect with us

Компании

Првпат во Македонија виртуелни денови за вработување

Објавено

на

Од 16 до 23 октомври Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao, Infostud и Posao.ba, организира онлајн-саем за вработување и едукација „Виртуелни денови за вработување“, на кој ќе имате можност да се запознаете со можностите што ги нудат компаниите, да стапите во директен контакт со нив и да пронајдете работа во Македонија, Хрватска, Србија или Босна и Херцеговина.

Виртуелните саеми за вработување се поефикасна, поекономична и пофункционална алтернатива на традиционалните саеми, кои поради брзиот развој на новите технологии и сè поголемата достапност на интернетот, полека но сигурно излегуваат од мода.

Тие им овозможуваат на компаниите и лицата што бараат работа да се сретнат и да разговараат за можностите за вработување специјализирана веб-страница со само неколку кликови од лаптоп, таблет или смартфон.

Виртуелните денови за вработување, како најголем регионален виртуелен саем, ќе трае осум дена (од 16 до 23 октомври) и истовремено ќе се одржува во сите четири земји. За тие осум дена саемот ќе биде отворен 24 часа и до него ќе може да се пристапи преку веб-страницата www.denovizavrabotuvanje.mk.

Најголем employer branding настан во регионот

За локалните и регионалните компании, кои не можат да пронајдат квалитетен кадар или сметаат дека не се доволно видливи на домашниот пазар, виртуелниот саем е одлична можност за претставување во вистинско светло пред идните (потенцијални) вработени.

Саемот ви овозможува на едно место да објавите огласи за вработување, кои ќе бидат видени од работодавци во земјата и регионот, да остварите директна комуникација со заинтересираните кандидати и да ја промовирате вашата компанија пред 300.000 работобаратели во регионот.

Можност за вработување во најатрактивните компании

За време на осумте дена кога ќе се одржува саемот, како работобарател ќе имате можност да се запознаете со истакнати компании од Македонија и регионот, кои се во потрага по нови вработени.

Со помош на едноставна најава преку вашиот Google или Facebook-профил, ќе имате можност да посетувате штандови на компании, да аплицирате на огласи за работа, да разговарате со претставник од компанијата и да дознаете за условите, придобивките и бенефициите што ги нуди компанијата – и сето тоа преку вашиот компјутер, таблет или телефон од удобноста на вашиот дом.

На саемот ќе се одржи и еден одделен настан „Лов на богатство“, каде што сите учесници ќе имаат можност да освојат вредни награди.

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно