Connect with us

Домашни банки

Прво, второ и трето место за Комерцијална банка на 2,5 километри на KOLORRUN 2022

Објавено

на

Тимот на Комерцијална банка докажа дека е најдобар и на новата трка KOLORRUN 2022. Со екипна победа – Елена Димитровска (1 место во женска конкуренција), Бобан Нефовски (2 место во машка) и Марјан Шамовски (3 место во машка) – Комерцијална банка беше најуспешен учесник во трката на 2,5 километри.

Како горд спонзор на оваа шарена и возбудлива трка – Комерцијална банка и нејзината Debit Mastercard дебитна картичка ги наградија тројцата првопласирани во машка и во женска конкуренција со подарок-картички за шопинг во East Gate mall.

KOLORRUN 2022, во организација на трговскиот центар East Gate Mall и атлетскиот клуб Кorrunners, е уште еден убав настан во Скопје кој промовира спортски навики и здрав живот и поттикнува team building во компаниите.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно