Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Првите банкноти со новото име во оптек од 2020 година, но нема да бидат двојазични!

Објавено

на

Првите банкноти кои ќе ги користат граѓаните и на кои ќе стои новото име Народна банка на Република Северна Македонија, ќе бидат петстоденарките, а потоа би следувале и банкнотите од десет денари, и за нив се веќе распишани тендери.

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“,  изјави гувернерот Ангеловска-Бежовска на денешната прес-конференција.

На прес конференцијата на која гувернерката ги презентираше новите макроекономски проекции, соопшти дека некои книжни пари и сега содржат симболи и мотиви од албанската култура, но новите банкноти нема да бидат испишани на Албански јазик, иако ќе има дополнителни консултации. Ќе се постапува согласно законите и Уставот.

„Во однос на употребата на Албанскиот јазик, банкнотите нема да го содржат и тоа, очекуваме да направиме дополнителни консултации и ќе постапиме соодветно на законската и уставната рамка“, дополни Ангеловска-Бежовска.

Целиот процес за замена на парите со старото име ќе трае околу 5 години, а евентуално негово забрзување може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската унија.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска – Османи: Народната банка е посветена на евроинтегративните процеси

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Средбата следеше по годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан и Турција на кој беа усвоени заклучоците коишто содржат исклучиво позитивни оцени за поставеноста на монетарната политика кај нас и воопшто, за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денови на финансиска писменост – едукативни презентации во Народната банка

Објавено

на

Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Во текот на Деновите, институциите и компаниите, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно-едукативни средби. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange