Connect with us

Останато

Прва стартап конференција „Pitch. Match. Grow.“

Објавено

на

Конференцијата „Pitch. Match. Grow.“ е организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, каде ќе добиете корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на вашиот проект/идеја/стартап.

Учесниците на конференцијата ќе добијат одгoвори на следниве прашања:

– Каде да најдам финансирање за мојот проект/идеја/стартап?
– Како да аплицирам?
– Кој има поминато низ целиот процес и кои се неговите #TipsTricks?

Настанот ќе се одржи во хотел Мериот Хотел, Скопје на 26.02 (среда) и 27.02.2020 (четврток).

Доколку сакате да дознаете повеќе за најновите можности за финансирање кои ги нудат инвеститорите или сакате да добиете инспирација од стартапи кои веќе го направиле тој чекор, аплицирајте на следниот линк: https://bit.ly/36Yrxbu

Рок на аплицирање: 20.02.2020 година

Агенда на конференцијата

Покана за конференцијата

Поддржувачи на настанот: USAID BEP, Startup Macedonia, Скопје Мериот Хотел.

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество!

Објавено

на

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат се обрати поранешната министерска за финансии и актуелен претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, која ги презентираше најновите истражувања за трендот на е-купувањето во државата.

„Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”. посочи Ангеловска во нејзиното поздравно обраќање.

КОВИД-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36% од нив го зголемиле обемот на онлајн купување.

По однос на прогресот на е-трговијата остварен од 2017 до 2019 година, Ангеловска вели дека имаме предуслови за побрз развој на е-трговијата, а сепак се движиме со далеку послабо темпо од останатите земји. Во 2019 година, 36% од населението со интернет пристап направило онлајн нарачка, наспроти 20% во 2017 година. Просекот во европските земји изнесува 71%.

„Вредноста на онлајн трансакциите кои Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал 2020 бележи раст од 177 проценти. Позитивно е што структурата се менува и повеќе купувања/плаќања се прават кон дома.“ – додава поранешната министерка.

Kaj 66% од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалиле, додека онлајн се зголемила, додека 29% забележалале раст и на онлајн и на офлајн продажбите. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето на квалификуван кадар. COVID-19 влиаел на промена на навиките на е-купувачите, од анкетираните 2.800 испитаници, 37% значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн купување.

„Иако останува неизвесно колку ефектите од овој „принуден раст“ ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76% рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по COVID-19.” – објасни Ангеловска.

Во спроведените прашалници посветен е и дел на нарачките преку социјални медиуми, како еден од главните канали за сива економија во е-трговија.

Како што објаснува Ангеловска, речиси половина од анкетираните (47%) се изјасниле дека прават нарачки преку социјални медиуми при што 48% од нив никогаш не добиваат фискална сметка. Иако најголем дел од нив се запознаени со ризиците дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се учесници во сивата економија тие велат дека ги прифаќаат ризиците и го прават тоа затоа што им е позгодно и полесно.

Од 40% од e-трговците кои кажале дека примаат вакви нарачки, 37% од нив стравуваат дека ќе ја изгубат потенцијалната продажба ако не ги прифаќаат нарачките директно преку пораки.

Продолжи со читање

Популарно