Connect with us

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Ова, како што информира МАТТО, е прва посета на претставници на осигирителна индустрија на Република Турција. Посетата е истражувачка за проценка на можност за соработка, инвестиции и проектно партнерство.

„Турската бизнис делегација, предводена од претседателот на Здружението на осигурителните куќи, Хусејин Дуру, беа пречекани од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и од Марија Томеска, потпретседател на МАТТО и претседател на Управниот одбор на „Еуролинк“. Двете страни ги претставија индустриите и констатираа дека заеднички можат да развиваат осигурителни производи: здравствено осигурување, кое е во подем кај нас, а во Турција доживува експанзија, како и осигурување во областа на штети од земјотреси, кое кај нас не постои, а во Турција е развиено. Турската страна ја презентираше онлајн платформата „Осигурителен инфо центар” што ја интегрира цела осигурателна индустрија (економски оператори, производи и цени), а се апдејтира на дневната основа. Со платформата се постигнува транспарентност, и за компаниите и за граѓаните и се влијае на регулацијата на овој пазар”, информира МАТТО.

Осигурителната индустрија во Турција лани направила обрт од 12 милијарди евра.

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ДОМИ Комплет – продукт од Eуролинк осигурување што ви овозможува безгрижност секој ден

Објавено

на

ДОМИ Комплет е продукт за осигурување на домот од Еуролинк осигурување што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. Создаден да обезбеди функционалности комфор на домот наспрема непредвидливите ризиците како што се пожар, кражба, поплава по кои може да дојде до голема или целосна загуба, ДОМИ Комплет го заштитува животното вложување во домот и обезбедува безгрижност секој ден. (more…)

Продолжи со читање

Популарно