Останато
Прва детска апликација за читање и слушање книги наскоро во Македонија!


Следејќи ги светските трендови за интерактивен и иновативен начин на едукација на најмладите, тимот на Ретинг од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy!
Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе бидат голем број книги за деца на македонски, англиски и албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудио книги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата ќе содржи бројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање на сопствени аватари, како и можност за натпреварување со други дечиња и освојување на уникатни награди за оние кои што најмногу читаат.
“Ние сакаме љубовта кон читањето кај децата да започне со Boksy. Мисијата на Boksy е да се промовира читањето на книги помеѓу децата, на нов, забавен начин, соодветен на трендовите од новата дигитална ера. Сакаме времето кои децата го поминуваат пред екраните, да биде искористено квалитетно. Идејата е децата да можат да најдат книги за секое ниво, на која било тема, погодни за читање или слушање на кое било место и во било кое време од денот – во една апликација.“ – велат Димитар и Ивана од Ретинг, компанијата која ја развива оваа мобилна апликација за деца.
Развојот на мобилната апликација – Boksy е поддржан од Фoндот за Иновации и Технолошки развој. Апликацијата ќе биде достапна на македонски јазик, ќе може да се користи на телефон и таблет и ќе може да се превземе од App Store & Play Store. Мобилната апликацијата се планира да биде достапна за македонскиот пазар до крајот на летото.
На овогодинешниот Саем на книгата кој се одржува од 3 до 9 мај во Арената Борис Трајковски, сите посетители ќе можат да се запознаат со тимот кој работи позади оваа иновативна апликација, како и да добијат подобра идеја за сите бенефити и карактеристики на апликацијата, преку посета на уникатно-брендираната количка за кафе пред влезот на Арената.
Повеќе информации за апликацијата ќе бидат достапни наскоро на веб страницата www.boksy.mk.
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје