Connect with us

Останато

Првата Македонска асоцијација за е-трговија денес ќе ги претстави програмата и мисијата за работа

Објавено

на

Во ЕУ инфо центарот во Скопје денеска официјално ќе биде претставена првата Македонска асоцијација за е-трговија.

На настанот ќе бидат презентирани мисијата и програмата за работа на Асоцијацијата за годинава, како и најновите статистички податоци за е-трговијата во Македонија.

Најавено е обраќање на претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, како и на регионалната директорка на Mastercard за Македонија и Бугарија, Вања Манова.

Во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија членуваат 24 правни лица, едно физичко лице и два почесни членови.

Останато

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ ги отплатил кредитите на жителите во селото од каде потекнува!

Објавено

на

Младиот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ дефинитивно е едно од најголемите изненадувања во финалистот на 21-от Мундијал во Русија.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите сеуште влеваат доверба

Објавено

на

“Хаш стапката” претставува степенот на вкупното ископување на криптовалути. Таа се зголеми за 155% од почетокот на годината.

Според наводите на сајтот Cryptoslate, главната причина за зголемување на хаш – стапката е дека секоја блок награда од 12,5 биткоини е во вредност од околу 78.000 долари, па така крипторударите се и понатаму мотивирани да видат колку може да заработат на овој начин. Овие големи награди, сепак, нема да траат вечно. Се очекува наредно преполовување на вредноста на наградта да се случи на 25 мај 2020 година, а вредноста ќе се намали на 6,25 биткоини по блок, или околу 39.000 долари по тековни цени. Ова значи дека рударите моментално брзаат да направат колку што е можно повеќе биткоини.

Иако ентузијазмот околу биткоинот и другите криптовалути полека се намалува, екстремни оптимисти сеуште има. Инвеститорот Тим ​​Драпер (кој инвестираше во Тесла, Skype и Hotmail) сугерираше дека биткоинот ќе вреди 250 000 долари до 2022 година. Џек Дорси, шеф на Твитер, еднаш сугерираше дека биткоинот би можел да стане единствена глобална валута за само 10 години.

 

Продолжи со читање

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange