Домашни банки
Практични искуства и совети, добија клиентите на Комерцијална банка за раст на нивната е-продавница


Да се има е-продавница веќе не е само добра работа, туку прераснува во основна алатка за зголемена продажба и генерирање приходи, а во краен случај и за опстанок на бизнисот. Комерцијална банка го препозна предизвикот на новото време, во кое шопингот се повеќе се префрла онлајн, па на своите клиенти им овозможи да ги дознаат современите и ефикасни решенија за дигитализација, електронска трговија и дигитален маркетинг.
Банката на 16.12.2020 година организираше вебинар на тема „Е-Продавница за новата ера – Искуства и совети за поголема online продажба“ за сите свои клиенти (правни лица) кои ja користат услугата за е-трговија преку Комерцијална банка.. На вебинарот, претставниците на компаниите имаа прилика да слушнат практични совети за креирање и одржување ефикасна е-продавница и за начините за најдобро искористување на нејзиниот потенцијал од докажани професионалци од областа на финансиите и ИТ индустријата.
Комерцијална банка останува посветена на своите клиенти, не само за финансиска поддршка на нивниот бизнис, туку и за несебично и взаемно пренесување искуство и знаење, кои го прават модерниот деловен свет развоен и отпорен на закани од локален и глобален карактер. За сите учесници на вебинарот беа приредени дополнителни изненадувања од Банката, кои во иднина ќе им помогнат да додадат вредност на својата е-продавница.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје