Connect with us

Компании

Практиканството можност за вработување на младите луѓе

Објавено

на

Под покровителство на Советот за регионална соработка (RCC) во рамки на проектот „Платформа за вработување и социјални работи“ денеска во Скопје се одржува регионална работилница за Практиканство, на која учествуваат претставници од шест држави од Западен Балкан.

На отворањето на работилницата се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која ја акцентираше посветеноста на Министерството со кое раководи во креирањето на програми за намалување на младинската невработеност.

„За прв пат во Македонија носиме закон со кој се овозможува на младите да се стекнат со пракса во фирмите и за тоа да им биде платено. Периодот кој може да работат како практиканти е од 1 до 6 месеци. За ангажирањето до 3 месеци ќе се исплаќа сума од околу 5.000 денари месечно, а за сите што ќе останат на практиканска работа над 3 месеци ќе добиваат надоместок во висина на законски утврдената минимална плата“, изјави министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во своето обраќање потенцираше дека програмата Практиканство има клучна улога во вклучување на младите лица на пазарот на трудот, бидејќи работното искуство кое го стекнуваат преку неа, им ги отвора вратите кон долгорочно вработување.

„Иако не постои обврска за вработување по завршување на практичната работа, анализите покажуваат дека 50% од младите лица кои биле вклучени во оваа програма се вработиле по нејзиното завршување. Така во 2017 година со програмата Практикантво беа склучени 948 договори, а од нив беа вработени 518 лица, оваа година опфатот е зголемен и потпишани се 1.272 договри за Практиканство“, изјави Јовановска.

Тим лидерот Нанд Шани изјави дека Регионалниот совет за соработка поддржува шест држави од Западен Балкан преку проектот што е финансиран од ЕУ за вработување и социјални работи.

,,Ги поддржуваме министерствата за труд и социјални работи и националите служби за вработување за изградба на капацитети за изработка на подобри политики на полето на вработувањето. Во Скопје заедно со МТСП и со АВРМ ги поканивме претставаниците од другите министерства за труд и агенциите за вработување од другите држави за да ги видат позитивните искуства од македонскиот закон за практиканство и гаранцијата за млади. Искуствата за практикантство овде се едни од најдобрите во регионот,  овде е пилоторана и „Гаранцијата за млади“ така што сакавме другите држави од регионот да се запознаат со македонските искуства” – рече Шани.

Регионалната работилница за практиканство ќе трае два дена. Во текот на утрешниот ден пред присутните ќе биде презентиран и проектот Младинска Гаранција. Се работи за проект по терк на земјите членки од ЕУ кој Македонија за првпат како пилот проект го имплементира оваа година во 3 општини. Младинската гаранција успешно се спроведува и преку неа досега се вработија 1.411 млади лица. Македонија е единствена земја која не е членка на Европската Унија која го спроведува проектот Младинска Гаранција.

 

Компании

Оглас за вработување во Пивара Скопје

Објавено

на

Пивара Скопје за своите потреби објавува оглас за вработување на комерцијалист во Кичево.

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен така и за кариерен развој. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Медиа Хаус

Објавено

на

Медиа хаус маркетинг и комуникации објавува оглас за вработување за следните позиции: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Пивара Скопје

Објавено

на

Пивара Скопје отвори оглас за вработување на Трејд маркетинг менаџер за канал на продажба, работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange