Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Правно зајакнување на граѓаните

Објавено

на

Во рамките на кампањата за правно зајакнување, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја промовираше новата веб-страница pravnozajakni.mk каде може да се најдат многу корисни информации околу тоа со кои права располага секој граѓанин на Македонија и кои чекори треба да ги преземе доколку се тие прекршени.

Основата на концептот на правно зајакнување е дека луѓето можат самостојно да го користат правото за да најдат конкретни решенија за своите правни проблеми, како и да бараат отчетност од властите за сите преземени дејствија што ги засегаат. Во таа насока, на веб-страницата граѓаните можат да добијат правен совет за конкретни ситуации во кои се прекршени нивните права, како што се прекин на работниот однос, здравствена заштита, социјална парична помош, семејна пензија и сл. Воедно достапни се и контакти од граѓански организации чија задача е на граѓаните да им помогнат во правната битка, односно да им обезбедат бесплатна правна помош, параправна помош, стратешко застапување и др., контакти кои се од огромно значење за граѓаните, а кои претходно можеби немале каде да ги добијат.

Пристапот до правда за граѓаните не е секогаш нужно поврзан со долготрајни и скапи судски процедури. Општоприфатен став на јавноста е дека до правдата може да стигнат само граѓаните што се финансиски моќни да го издржат тој долготраен процес, што од почеток ги демотивира припадниците на различни маргинализирани групи, како и мнозинството граѓани да побараат правна помош во ситуации кога се прекршени нивните права, иако на располагање имаат бројни механизми. Токму затоа ФООМ со години, преку своите програми, работи на правно зајакнување на граѓаните и градење на капацитетите на граѓанското општество со цел да го засили потенцијалот на граѓаните да ги остварат своите права.

Во текот на активностите за правно зајакнување, кои опфаќаат правна писменост и помош, медијација, организирање на заедницата, водење судски постапки и други форми на застапување на граѓаните, ФООМ се фокусира на унапредување на системските реформи кои се во интерес на ранливите групи граѓани. Според најавите на ФООМ, иницијативата за правно зајакнување е насочена кон тоа да овозможи широка достапност на наведените услуги на национално и локално ниво, но и да обезбеди нивна финансиска одржливост.

Повеќе

Останато

Раст на просечната плата во Македонија

Објавено

на

Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange