Електронско банкарство
Правилната испорака на онлајн нарачките клучна во корона-кризата


Се покажа дека оваа година беше клучна за поштенската индустрија која му ја покажа на светот својата флексибилност, упорност и непроценливата улога која ја игра во секое општество, Тоа беше дел од пораката за Светскиот ден на поштите, потенцирајќи ја важноста и пожртвуваноста на поштенските работници додека пандемијата и карантините беснееја низ целиот свет и истите работеа напорно за да ги достават поштенските пратки.
Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаниите има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките. Токму затоа, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку платформата „eCommerce4All.mk“ на едно место ги прикажува сите курирски компании во Северна Македонија, каде транспарентно се прикажани ценовниците и можностите за испорака на пратки кои тие ги нудат, што ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти.
Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, ќе овозможат детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.
„Царината има клучна улога во прекуграничното движење на стоките и во прекуграничната е-трговија, бидејќи стоките што се предмет на извоз или увоз треба да бидат предмет на царинска контрола. Како резултат на одличната соработка со Асоцијацијата за е-трговија, преку овој модул и промотицните видеа, Царинската управа треба да им помогне и да ги охрабри економските оператори, особено малите и средни претпријатија да се вклучат во прекуграничната е-трговија и да ги извезуваат нивните производи во странство.“ – велат од Царинската управа.
Преку овој модул, како што велат од АЕТМ, сите е-трговци и е-потрошувачи на едноставен и интерактивен начин се информираат и запознаваат за понудата и можностите кои ги нудат курирските служби во нашата држава сѐ со цел правилно да одлучат и одберат кој ќе биде нивни партнер при испораката на производите кои онлајн ги продаваат.
„Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All“ едуцира за безбедно и легално онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници со сопствено веб решение или како дел од локален е-пазар.“ – додаваат од таму.
Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.
Електронско банкарство
Најмногу онлајн купувања од странство кон домашни е-трговци извршени со платежни картички од САД


Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година. (more…)
Електронско банкарство
Асоцијација за е-трговија: Македонците најмногу пазарале онлајн во странство од е-продавници од Обединето Кралство и Унгарија


Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година. (more…)
Домашни банки
Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед


Во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година НЛБ Банка води промотивна кампања за НЛБ Pay мобилниот паричник пришто корисниците ќе добијат можност оваа пролет да се подноват со нов градски велосипед. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите