Connect with us

Лични финансии

Правила за успех во животот од инвестициски банкар од Волстрит

Објавено

на

Ричард Џенрет препорачува секогаш да имате план Б, наследник, резерви и сите пари да не ви стојат на едно место. 

Неодамна почина легендарниот инвестициски банкар од Волстрит, Ричард Џенрет. Тој работел повеќе од 40 години на Волстрит, а починал од рак на 89-годишна возраст. Но, пред тоа оставил рачно напишано писмо со правила кои луѓето треба да ги почитуваат ако сакаат да постигнат успех во животот.

Писмото имало наслов “What I learned” и неговите правила за успех гласат вака:

  1. Останете во играта. Често тоа е се што треба да направите – да не се откажувате. Бидете истрајни! 
  2. Не ги палете мостовите зад вас. 
  3. Запомнете – во животот нема поголем благослов од добриот пријател.
  4. Не ги оставајте старите пријатели зад вас – можеби ќе ви затребаат.
  5. Обидете се да бидете фини и кажувајте благодарам често. 
  6. Бидете информирани, односно учете постојано!
  7. Одржувајте пријателства со луѓе на секоја возраст – особено со помлади.
  8. Бидете горди!
  9. Планирајте однапред!
  10. Научете странски јазик. 
  11. Патувајте многу низ светот.
  12. Не критикувајте некој пред другите.
  13. Не заборавајте да ја цените добро сработената работа (но не и лошо сработената).
  14. Не бидете губитник.
  15. Одржувајте ги вашите стандарди високо. 
  16. Гледајте ја големата слика, но не ги заборавајте малите детали!

Лични финансии

Бизнис бар: TED Talk разговори кои ќе го трансформираат вашиот бизнис и личен живот

Објавено

на

Ако вашата цел е да го однесете бизнисот или вашата кариера на следното ниво, вие сте на вистинското место. Во оваа статија, ќе разгледаме неколку TED Talk разговори кои значително ќе го трансформираат вашиот бизнис и ќе ви го свртат животот кон подобро. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да го изградите вашиот онлајн бренд

Објавено

на

Брендот лесно може да се претстави како лице кое го покажувате на светот, вашата уникатност прикажана кон целата популација за тие да ја видат и признаат. Брендингот е комбинација на вашите способности, вештини и карактерни црти. Брендирањето на вашиот бизнис не е само деловна акција, туку тоа е и пат кон само-откритие. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што значи напорна работа?

Објавено

на

Секој од нас има некаков вид на интерес. Паралелно на тоа, секој од нас работи и придонесува кон општеството. Успешните луѓе ни велат дека овие два аспекти од нашиот живот и можеби не треба да бидат одделни. (more…)

Продолжи со читање

Популарно