Connect with us

Странски банки

По JP Morgan Chase, уште една од водечките американски банки објави намалена добивка

Објавено

на

Откако објавивме дека најголемата банка во САД според обемот на средства JP Morgan Chase, објави намалена добивка за 7% во последниот квартал од минатата година, истото го објави уште една од водечките банки во САД, инвестициската банка Goldman Sachs.

 Банката забележала пад на добивката од 10% во четвртиот квартал минатата година, поради намалувањето на трговските активности.

Goldman Sachs заработила 2,03 милијарди долари или 4,38 долари по акција, за три месеци заклучно со декември 2014 година, што е помалку во споредба со профитот од 2,25 милијарди долари или 4,6 долари по акција остварени во истиот период една година претходно.

Од Банката потврдуваат дека забавувањето на активностите во секторот за основни приходи, трговија со валутите и стоката, довело до пад на профитот, како и слабеењето на инвестициските активности на банката во областа на издавање на гаранции.

Вкупните приходи на оваа банка достигнале до 7,69 милијарди долари, што е помалку во споредба со 8,78 милијарди долари остварени една година претходно.

Аналитичарите очекуваа дека приходите на Goldman Sachs ќе изнесуваат 4,32 долари по акција, односно 7,66 милијарди долари.

Повеќе

Странски банки

ОТП банка ја презема бугарската подружница на Сосиете Женерал

Објавено

на

Врз основа на купопродажниот договор потпишан на 1 август 2018 година, реализирана е трансакција во која ДСК банка, членка на ОТП група се стекна со 99,74% удел во Сосиете Женерал Експресбанк, бугарската подружница на Сосиете Женерал групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Кина вбризга рекордни 83 милирди долари во банкарскиот систем

Објавено

на

Централната банка на Кина инјектираше 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ вбризган во банкарството за еден ден, оценува каналот „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сметки за режиски трошоци во Србија ќе се плаќаат преку “СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА”

Објавено

на

Граѓаните на соседна Србија од март годинава ќе имаат можност да ги плаќаат тековните сметките преку систем за препознавање лице (face recognition), најави за Танјуг гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година да ја воведе оваа нова услуга, која е дел од решението за инстант плаќања, чија имплементација започна во октомври минатата година.

“Ќе биде можно преку скајп или визуелна идентификација на клиентот да се реализира плаќањето”, вели Гувернерката.

“Тоа ќе биде навистина револуционерна иновација како дополнување на инстант плаќањето. Иако сме подготвени со тимот да стартуваме веднаш, сепак ќе почекаме да помине евалуацијата за напредокот на Србија во поглед на спречување перење пари за да бидеме сигурни дека оваа нова услуга може да се пушти за користење”.

Конкретен датум кога граѓаните ќе имаат можност да започнат со користење на оваа услуга ќе се знае по состанокот на MANIVAL (Европски комитет за спречување перење пари и финансирање тероризам) кој ќе се одржи на 23. јануари.

На состанокот ќе се анализира напредокот на Србија во примената на сите правила поврзани со перење пари, а доколку ставот на оваа институција биде позитивен, плаќањето преку препознавање на лице може да биде пуштен во употреба веќе во февруари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange