Компании
По 1 евро за секој изминат час спортски активности: Вработените од Тиго Фајнанс со донација за социјално загрозени семејства


Во духот на празничната солидарност, негување на одговорна корпоративна култура, грижа за локалната заедница и посветено вложување во поддршка кон ранливите категории, вработените од Тиго Фајнанс обезбедија средства за покривање на трошоците за струја на социјално загрозени семејства.
Оваа донација се реализираше преку поттикнување на вработените на Тиго да практикуваат различни форми на физички активности, при што изминатите километри и часови физичка активност на вработените беа мерени преку апликацијата „Strava” и за секој изминат час во спортски активности компанијата донираше по 1 евро за загрозените семејства, односно за покривање на трошоците за струја за 4 семејства.
Преку ваквата иницијатива, Тиго Фајнанс направи спој со двострани придобивки, односно, поддршка на ранливите категории и семејства коишто се во ризик при своето домување, но и врз негување практика за здрав животен стил, промоција на здрави животни навики и грижа за животната средина во специфични услови кога овој проблем се покажува како особено важен на локално и на глобално ниво.
Донацијата, инаку, се реализираше во партнерство со организацијата „Ways 2 Help” чија цел е да обезбеди поголем избор и можности за помош на сите ранливи групи преку обединување на организациите, компаниите и индивидуалците кои сакаат да помогнат во нивната едноставна платформа за плаќање сметки за струја на социјално загрозените семејства.
„Овие семејства се наоѓаат во специфични услови кога се зголемува невработеноста. Голем број на жители се истиснати на маргините од општеството, а за овие семејствата одговорот на прашањето на покривање на своите сметки е потежок од што може да се замисли. Трошејќи ги своите заштеди и гледајќи ги заостанатите сметки, овие семејства континуирано и секојдневно водат своја лична битка и затоа навистина сме благодарни на Тиго и сите општествено-одговорни компании кои изразуваат интерес да ја поддржат нашата мисија за помош на сите ранливи категории“, изјавуваат од „Ways 2 Help”.
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје