Лични финансии
По повод Светскиот ден на штедењето неколку успешни совети како да заштедите пари


Сите сакаат да заштедат пари. Најчесто сите луѓе го бараат најбрзиот и најефикасниот начин за да дојдат до одредена заштеда. Процесот на штедење пари може да биде успешен доколку се штеди организирано и одговорно. Ова се неколку совети кои доколку ги следите и почитувате со сигурност ќе ве доведат до поставената цел.
1. Доколку одлучите да почнете со штедење треба да го поставите тоа како приоритет. Тоа значи дека на месечно ниво не треба да ги заштедите парите кои ќе ви останат (доколку останат) после покривање на сите трошоци, туку, однапред да одредите сума која што уште на почетокот ќе биде тргната на страна и ќе се обидете на секој можен начин да не ги искористите тие пари. Најлесен начин за да ги избегнете моментите на слабост кога би посегнале по овие пари е да подесите автоматско префрлање на одредена сума на пари на штедната книшка. На овој начин сумата која ќе биде одредена за штедење ќе биде “заборавена” и помала е веројатноста тие пари да бидат потрошени.
2. Планирајте ги набавките во периодот на попусти. Многу често особено кога станува збор за набавките на прехрамбените продукти можеме да се водиме според неделните или месечните понуди на супермаркетите. Доколку почесто купувате во периодот на акции и ги планирате дури и своите оброци следствено на тоа, голема е веројатноста дека ќе заштедите некој денар. Иако, можеби ви се чини дека станува збор за малку пари, сепак на месечно ниво доколку пресметате оваа тактика навистина функционира.
3. Секогаш поставувајте си го прашањето дали она кое сакате да го купите ви е навистина потребно. Импулсивното купување многу често е причина за поголеми трошоци. Застанете за момент пред да дојдете до касата и размислете дали во моментот навистина тој производ ви е неопходен и дали истиот може да почека да биде купен понатаму.
4. Провере ги понудите на сите банки. Доколку веќе сериозно размислувате на штедењето тогаш неопходно е да погледнете на кој начин можат да ви помогнат банките. Во овој случај исто така бидете внимателни и добро разгледајте ги каматите, избегнувајте конверзија на валутите и проучете ги добро програмите на банките кои често нудат дополнителни “подароци” за вашето штедење кои подоцна во одредени случаи може да се преточат само во дополнителни трошоци.
5. Поставете цели до кои цврсто ќе се држите и водете евиденција за секој потрошен денар. Многу често добрата организација води и до добри резултати, па така, со контролата на вашите пари ќе можете точно да утврдите каде се тие потрошени и дали некаде трошоците може да се скратат и тие пари да бидат заштедени.
6. Обратете внимание на ситните трошоци, понекогаш тие се и најопасните. Бидете економични, исклучувајте го телевизорот кога не ви е потребен, не ги оставајте светилките запалени.
7. Бидете трпеливи. Тоа е суштината на процесот на штедењето. Почетокот и крајот се состојат токму од трпеливоста и истрајноста. Кога веќе сте одлучиле да штедите бидете целосно посветени на истото и не очекувајте брзи резултати, бидете задоволни од вашиот прогрес низ целиот процес и верувајте дека сепак упорноста на крајот се исплати.
Домашни банки
НЛБ Банка и Кроација осигурување – Живот во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување


Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје