Форекс
По неколкудневниот раст на акциите, се вклучи црвен аларм на берзата!?

По неколкудневниот раст на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија доживува пад на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.
На последниот ден за тргување на македонската берза немаше ниту една акција која забележа раст на својата вредност.
Најпогодени од оваа ситуација беа акциите на Макстил АД Скопје кои забележаа пад од 2,27%. Падот на Македонската берза негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Стопанска банка АД Скопје кои забележаа пад од 2,23%, како и врз акциите на Фершпед АД Скопје кои забележаа пад од 1,35%.
Пад на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје од 1,27% и Комерцијална банка АД Скопје од 1,16%.
Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4947 денари.
Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.1918 денари, британската фунта изнесува 71.7725 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.1991 денари.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје