Connect with us

Форекс

По неколкудневниот пад, берзата повторно заживеа и акциите повторно растат

Објавено

на

Со денови акциите на најголемите македонски компании кои котираат на Македонска берза ја губеа својата вредност најмногу поради падот на светските берзи, предизвикан од брзорастечкиот коронавирус, кој огромни штети предизвика и сеуште предизвикува и на нашата берза.

Македонска берза со денови беше обоена во црвено, но на последниот ден за тргување ситуацијата се промени и акциите „живнаа”.

Последниот ден за тргување на Македонска берза беше во знакот на растот на вредноста на компаниите, а најголем пораст на вредноста забележаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, кои забележаа раст од високи 4,99 проценти.

Пораст на вредноста на акциите забележаа и ТТК Банка АД Скопје од 4,02%, Гранит АД Скопје од 3,94%, НЛБ Банка АД Скопје од 3,87%, а раст имаше и кај акциите на Макпетрол АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за 3,61%.

Покрај акциите кои забележаа зголемување на својата вредност, имаше и компании кои ја загубија својата вредност на последниот ден за тргување. Најпогодени од падот беа акциите на ОКТА АД Скопје кои забележаа пад на вредноста од 4,98%, а намалување на вредноста имаше и кај акциите на Македонијатурист АД Скопје, чиишто акции ја намалија својата вредност за 4,89%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 57.6212 денари, британската фунта изнесува 67.7744 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.5009 денари.

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза: Новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност

Објавено

на

Македонската берза е загрижена за понатамошното функционирање поради новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва пред се во делот на забраната за одржување на годишните собранија на акционери на компаниите за време на вонредна состојба. Оваа Уредба ќе донесе многу негативни последици за компаниите чија вредност на акциите драстично се намалува од ден во ден, но и за акционерите кои нема да добијат дивиденда во очекуваниот период или уште полошо и воопшто да не добијат дивиденда. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Нов колапс на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Исто како што е времето во март, крајно променливо и непредвидливо, такво е и движењето на МБИ10 индексот на Македонска берза. Само два дена траеја позитивните вибрации и пролетното „зеленило” кај акциите кои котираат на нашата берза. (more…)

Продолжи со читање

Популарно