Connect with us

Форекс

По двонеделниот драстичен пад, акциите на Македонска берза се стабилизираа

Објавено

на

Со денови акциите на најголемите македонски компании кои котираат на Македонска берза ја губеа својата вредност најмногу поради кризата која ја предизвикува вирусот Ковид-19 познат како коронавирус. Светските берзи бележеа огромни загуби, а таа разорна слика се пренесуваше и на нашата берза.

Сепак, последниве неколку денови се чувствуваат позитивни вибрации на Македонската берза. Тоа најмногу се гледа од растот на МБИ10 берзанскиот индекс, како и значителниот пораст на акциите на најголемите македонски компании. Дел од акциите ја зголемија својата вредност поради објавата дека ќе исплатат дивиденда на своите акционери. И покрај препораките на Народната банка да не исплаќаат дивиденда, некои од банките сепак одлучија да се придржуваат кон првичниот план и да им поделат на своите акционери дел од остварената добивка.

Сепак, пораст имаше и кај останатите акции кои котираат на Македонска берза.

На последниот ден за тргување на Македонската берза, поголемиот дел од акциите забележаа пораст на својата вредност.

Најголем пораст на вредноста забележаа банкарските акции на Стопанска банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа раст од 1,34% односно 0,81 проценти.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Гранит АД Скопје од 0,23% и ОКТА АД Скопје од 0,15%.

Покрај акциите кои забележаа зголемување на својата вредност, имаше и компании кои ја загубија својата вредност на последниот ден за тргување. Најпогодени од падот беа акциите на УНИБанка АД Скопје кои забележаа висок пад на вредноста од 4,32%.

Намалување на вредноста имаше и кај акциите на Алкалоид АД Скопје, чиишто акции ја намалија својата вредност за 1,49%, како и кај акциите на Макпетрол АД Скопје чијашто вредност се намали за 1,35%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.7519 денари, британската фунта изнесува 70.1494 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.4399 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно