Connect with us

Странски банки

По грешка на трансакциска сметка му префрлиле 28 милијарди евра!

Објавено

на

Германскиот банкарски гигант Deutsche Bank призна дека во петокот при рутинска трансакцијата, по грешка изврши трансфер на сметката на клириншката куќа „Еурекс“ на износ од 28 милијарди евра, износ поголем и од нејзината моментална пазарна вредност, која изнесува 24 милијарди евра.

Оваа грешка се случила на 16-ти март, меѓутоа сега од Deutsche Bank потврдија дека направиле прилично сериозна грешка при трансакцијата.

„Грешката беше идентификувана за само неколку минути, а потоа беше исправена. Сериозно се разгледуваат причините поради кои што дошло до оваа грешка и превземаме чекори за да спречиме истата да се повтори во иднина“ – соопштија од Банката.

Ова е, како што оценуваат германските медиуми, уште еден погрешен чекор на Deutsche Bank која што сега минува низ реорганизација на раководството после трите години во низа на работа во загуба и кога се е под строга контрола на регулаторите.

Странски банки

Во САД казнета „Сосиете Женерал“ со 1,34 милијарди долари

Објавено

на

Француската банка „Сосиете Женерал“ (Societe Generale) денеска беше казнета од американските агенции со 1,34 милијарди долари, бидејќи според американските власти ги нарушила различните видови ембарга и економски санкции, соопшти американската Управа на федерални резерви. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange