Connect with us

Останато

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Објавено

на

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”.

Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан” и е првиот чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама на зајакнување на економската соработка во регионот.

Макрадули изјави дека потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата „Отворен Балкан”, што во Скопје ја најавија лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Ние сме соседи и соработници, но во суштина нашата соработка може да биде далеку поголема. Затоа денешниот документ не е само формалност, бидејќи нашата соработка, особено преку развојот на е-трговијата и логистичките капацитети, ќе ги постави темелите за отворање трговија на Балканот, што е исклучително важно за надминување на последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот”, изјави Макрадули.

Ѓорѓевиќ по потпишување на Протоколот изјави дека поштите на Србија и Северна Македонија сакаат да бидат лидери не само во национална, туку и во меѓународна рамка, и дека Протоколот што е потпишан претставува рамка на соработка за постигнување на таа цел.

„Денес, ја воспоставивме рамката за развој на нови заеднички услуги, пред се во областа на активностите на кои Пошта на Србија веќе работи интензивно, а тоа е дигитализација на услугите и развој на е-трговијата. Приближувањето на Поштите на Србија и Северна Македонија ќе придонесе за развој на економиите на нашите земји, подобар настап на регионалниот пазар и ќе донесе нови работни места и приходи, како и посилна врска помеѓу нашите граѓани и економии”, изјави Ѓорѓевиќ.

Тој посочи дека Пошта на Србија, благодарение на широката мрежа на меѓународни линии, пред се кон Северна Америка, националната авиокомпанија „Ер Србија”, што наскоро се очекува да воведе летови до Далечниот Исток, ќе стане регионален центар за логистичко-поштенски услуги, со што дополнително ќе ја поддржи имплементацијата на иницијативата „Отворен Балкан”.

Ѓорѓевиќ и Макрадули најавија дека ќе испратат иницијатива до владите на Србија, Северна Македонија и Албанија за воспоставување заедничка поштенска марка и единствена цена за услугите на пратки, со цел на граѓаните од сите три земји да им се обезбедат услуги по единствена тарифа, како дополнителен поттик за отворање на балканските пазари.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно