Connect with us

Домашни банки

“Поштенска банка„ нов случај на СЈО

Објавено

на

“Поштенска банка„е регистрирана на 04.06.2001 година врз основа на Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник на Р.М. број 38/96 и член 122 од Законот за банките (Сл. Весник број 63/2000) и Одлуката на Управниот Одбор на ЈП за поштенски сообраќај Македонска Пошта ц.о. Скопје (8-ма редовна седница одржана на ден 26.02.2001 година) за реорганизирање на Поштенска штедилница ДОО, Скопје во Поштенска Банка АД Скопје. Согласно донесената Одлука и Решението од Народна банка на РМ бр.02-14/-297-2001 година за издавање дозвола, реорганизацијата е регистрирана во Основниот суд Скопје 1 на 04.06.2001 година со трег.бр.2297/2001. Во 2005 година Еуростандард Банка АД Скопје го презема управувачкиот пакет акции во Поштенска Банка АД, Скопје. По преземањето Поштенска Банка АД Скопје комплетно се преструктуираше. Банката воведе нова организациска структура, ја подобри структурата на вработените, ги усоврши процедурите за кредитно одлучување, процедурите за управување со ризиците и го унапреди корпоративното управување.

На 24.01.2014 „Еуростандард банка“ на берзанска аукција го купи државниот удел во „Поштенска банка“ со што станала нејзин целосен сопственик.Се работи за 12.830 акции во „Поштенска Банка“ купени по цена од 20.950 денари за акција. Вкупната вредност на трансакцијата е околу 4,4 милиони евра.„Еуростандард банка“ била единствен учесник на аукцијата бидејќи само таа добила претходна согласност од Народна банка на Република Македонија.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отвори нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага со главен фокус кон основањето на банката.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Во соопштението  на обвинителството наведуваат дека од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Според истрагата на почеток на 2001 година Георгиевски, Ѓорчев и Груевски со цел да ја контролираат „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ од Гевгелија на Главчев и печатница „Европа 92“ од Кочани на Димитровски и тоа без учество со сопствени стедства.Банката била основана со пари од кредити како основачки влогови, што е спротивно на Законот за банки. Тие потоа кредитите за основање на „Поштенска банка“, ги отплатиле со кредит подигнат од истата „Поштенска банка“ што им го овоможил генералниот директор на банката Коле Смилевски.

Според СЈО, на сопствениците на овие правни лица, на Томе Главчев и Ратко Димитровски им било кажано дека во основањето на Банката нема да учествуваат со сопствени средства, туку со пари кои ќе ги обезбедат од кредити. Планот бил основањето на „Поштенска банка“ да не биде со средства на осомничените, туку со средства од други извори.

Ставено во законска рамка станува збор за индиректно кредитирање на основачките влогови со средства од банката која се основа, што е спротивно на Законот за банки и преставува кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Дополнително, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, искористувајќи ја нивната позиција во „Поштенска банка“, издејствувале осомничениот Коле Смилевски да овозможи одобрување на повеќе кредити на правните лица „Ноел“ и печатница „Европа 92“, како и на друштвата кои што биле директно поврзани со нив.

За да ги прикријат парите од незаконски добиени кредити, како и незаконските акции Главчев и Димитровски подигнале кредит во друга банка заложувајќи ги акциите, кој откако не и бил вратен го активирала обезбедувањето на кредитот и станала акционер во „Поштенска банка“.

Со цел да извлечат уште пари од Банката Смилевски, Главчев и Димитровски направиле обид за докапитализација на Банката преку втора емисија на акции за однапред познати купувачи. Тоа не било одобрено од НБРМ бидејќи управителите на „ГД Тиквеш“  Кавадарци, „ГП Бетон“  Тетово,  „МИК“ Кавадарци, „Венгал“  Скопје, „Езимит Груп“ Штип и  „Жито Скопје“ – се обиделе акциите да ги купат од средствата на истата банка.

И покрај тоа Смилевски ги обештетил управителите на овие компании со по 13 милиони денари иако не претрпеле никаква штета. СЈО невдува дека управителите на компаниите знаеле дека договорите се фиктивни, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари.

Тогашните премиер Љупчо Георгиевски, министерот за финансии Никола Груевски и вицепремиерот Марјан Ѓорчев се спасија од кривична одговорност, бидејќи делото злоупотреба на службената положба во меѓувреме застарело.

Домашни банки

CyberMonday @i-bank store на Стопанска Банка АД Скопје

Објавено

на

Во екот на најголемите глобални online настани Стопанска банка одлучи да организира свој сопствен online настан со цел промоција на e-commerce кај одбрани локални трговци, но и купувањето online од страна на корисниците на платежни картички.

Cyber Monday ќе се одржи се разбира во понеделник, на 26ти ноември и тоа во i-bank store филијалата на Стопанска Банка.

Учесниците на Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници! Значи, de facto, одлична прилика за бесплатен шопинг 🙂

Се што треба да направите за да пројавите интерес за учество е да одговорите на прашалниот на тука, а потоа очекувајте да бидете извлечени и контактирани за учество во првиот Cyber Monday настан во i-bank store!

Банката по случаен избор ќе избере вкупно 30 учесници кои ќе добијат 10 минутен термин во понеделник, на 26ти ноември да ги испробаат своите online шопинг спобности во филијалата i-bank store. Секако, се што ќе си купат ќе си биде нивно 🙂

Продолжи со читање

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange