Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Почна седмиот самит „Македонија 2025“

Објавено

на

Со панел-дискусии посветени на образованието, лидерството и успешните македонски стартапи во светот, почна седмото издание на самитот „Македонија 2025“. Во текот на наредните два дена, повеќе од 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во многубројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри, вештачка интелигенција и многу други.

„Целта на самитот е да се стимулираат соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава го потврдивме учеството на повеќе од 60 врвни говорници од над 20 земји, кои во рамките на над 15 интерактивни сесии, ќе дискутираат на теми релевантни за глобалната економија, но и за регионот. Ќе укажеме на најголемите економски предизвици на светско ниво, како што се трговските војни, масовните миграции, недостиг на квалификувана работна сила и нивното влијание врз малите економии“, велат организаторите.

Самитот „Македонија 2025“ ги претставува клучните трендови во економијата, инвестициите, технологијата, иновациите, кои го движат светот. Во склоп на неформалните активности на настанот, денеска се одржа и средношколскиот натпревар „Најдобар бизнис-концепт“, каде што првото место го освои тимот составен од: Ивана Стојановска, Вероника Станоевска, Ана Ставревска, Елени Темова за идејата DBN – Digital Balance Nutrition. А по претставувањето на идеите во Белград и Сараево, беа прогласени и победниците на финалниот регионален бизнис-натпревар поддржан од Фондот на Западен Балкан, каде што првото место го делат Олга Рајчиќ од Македонија и Валентина Чолиќ од Србија.

Официјалното отворање на самитот ќе биде утре со поздравни обраќања на клучниот говорник Ентони Б. Ким од фондацијата „Херитиџ“ – САД, како и највисоки претставници од „Економист“, „Мекинси“, Европската инвестициска банка и многу други.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange