Компании
Почина Пол Ален, ко-основачот на Microsoft

Ko-основачот на Microsoft, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш го лекувал, му се вратил.
Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Microsoft во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата. И идејата за името на компанијата Microsoft, била негова.
– Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели, Пол Ален, изјави Гејтс.
Како страствен спортски навивач, Ален беше и сопственик на американските кошаркарски клубови Портланд и Сиетл.
Компании
Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е водечко финансиско друштво во мисија да го зајакне присуството на пазарот и воедно да ја задржи улогата на иновативна, fintech компанија. Промовираме бизнис етика, нудиме know-how од вистински професионалци.
Нашите амбиции за 2019 година се предизвикувачки, а поради тоа отвораме можност за вработување на докажан и посветен Менаџер за развој на мрежа на подружници, кој е спремен да препознае прилика, да работи неуморно и да биде целосно одговорен за одделот за експанзија. Одлично организиран, ориентиран кон детали, како и спремен за работа под притисок.
Менаџер за развој на мрежа на подружници
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.
Позицијата вклучува:
- Изготвување на стратегија за проширување мрежа на подружници согласно податоци кои ќе бидат дадени на располагање (логистика, гео-позиција, маркетинг)
- Самостојно барање на терен и избор на локации за нови подружници
- Планирање на внатрешно и надворешно уредување на подружницата (вклучително мебел, осветлување, систем за греење/ладење, рекламен материјал, инсталација и слично)
- Прибирање понуди од изведувачи и преговарање за услови
- Организација и надзор за време на изведба, како и контрола на квалитет
- Секојдневно одржување на подружници преку креирање база на соработници за разни потреби
- Често патување во други градови надвор од Скопје
- Соработка со менаџментот на секое ниво со цел утврдување потреби за нови подружници
Профил на кандидат:
- Завршено соодветно образование (Архитектонски факултет/Градежен факултет ќе се смета за предност)
- Изработка на скица и предмер пресметка за внатрешно уредување ќе се смета за предност
- Релевантно искуство од најмалку 2 години
- Искуство во проектирање и внатрешен дизајн
- Предност имаат кандидати со искуство од банки, осигурителни компании, обложувалници, казина, телекомуникациски сектор, ланци на маркети
- Преговарачки вештини
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Мотивација:
- Компетитивна фиксна плата + бонус
- Дополнителен финансиски пакет со годишни бонуси
- Лап топ, службен телефон
- Службено возило на располагање
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Компании
Оглас за вработување во МЕККЕН СКОПЈЕ

Оглас за вработување на Акаунт Менаџер во Меккен Скопје.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома
- Најмалку три години работно искуство во агенција или компанија (искуство во агенција е предност)
- Искуство во водење проекти
- Менаџирање со време, менаџирање со ресурси
- Раководење со тимови, брифирање, јасно поставување и следење рокови
- Одлични презентациски и комуникациски вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за аналитичко размислување,изведување заклучоци, следење трендови
- Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
- Подготвеност за тимска работа
Нудиме можност за професионален и личен развој, работа во динамична и инспиративна средина и можност за постојано напредување.
Ако ги имате потребните квалификации и сте подготвени за нови предизвици испратете Ваше CV најдоцна до 26.02.2019 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Компании
Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

-
Кредитипред 3 недели
Остварете ги СИТЕ Ваши потреби, со ЕДЕН избор – MoneyMAX онлајн кредити
-
Анализипред 4 недели
НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!
-
Лични финансиипред 2 месеци
10 добро платени работни места со скратено работно време
-
Останатопред 2 месеци
Еврото слави годишнина – 20 години постоење!
-
Криптовалутипред 2 месеци
„Facebook“ развива својa криптовалута
-
Форекспред 2 месеци
Од 8 јануари на Берзата ќе се тргува и со државните хартии од вредност!
-
Домашни банкипред 2 месеци
НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица
-
Колумнипред 2 недели
НОВА Е КОЛЕШКАТА!?