Connect with us

Останато

Значајни приливи од инвестиции во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Објавено

на

Мисијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во поглед на управувањето со средствата на фондовите е насочена кон остварување соодветен долгорочен принос на средствата на фондовите имајќи ја пред сè  предвид суштинската улога на капитално финансирано пензиско осигурување, стапката на пораст на трошоците на живот и останатите основни системски параметри на пензиското осигурување.

Остварувајќи ја таа мисија, Сава пензиско друштво ги инвестира средствата од пензиските заштеди на членовите на домашниот и странски финансиски пазари.Ви пренесуваме информации за приливите кои пристигнале во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво, кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Од Сава пензиско друштво информираат дека во периодот од 02.05.2020 – 11.05.2020 година на сметката на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 6.993.763,00 денари, и приливи од камати во износ од 10.156.443,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

Во истиот период пристигнале приливи од дивиденда во износ од:

– 14.120,40 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;

– 11.769,10 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group;

– 68.620,61 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi;

– 11.956,86 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;

– 97.121,39 евра, од инвестираните средства во компанијата Allianz SE и 

– 6.914.343,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Реплек АД Скопје.

Во истиот период, на сметката на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 315.068,00 денари, како и приливи од камати во износ од 322.831,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот период пристигнале приливи од дивиденда во износ од:

– 353,01 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;

– 337,29 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group;

– 2.061,61 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi;

– 270,07 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;

– 2.092,13 евра, од инвестираните средства во компанијата Allianz SE и 

– 516.804,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Реплек АД Скопје.

Сава пензиско друштво редовно објавува детални квартални извештаи за резултатите од управувањето со пензиските фондови во кои се дадени информации за целокупното портфолио на секој од пензиските фондови. Овие извештаи можете да ги пронајдете на нивната веб страна www.sava-penzisko.mk.

Работењето на Друштвото и управувањето со пензиските фондови е под постојана контрола на Супервизорот на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Останато

ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Објавено

на

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија ги зголемува државните резерви за време на корона кризата

Објавено

на

Централната банка на Русија ги зголеми своите меѓународни резерви за 1,5 милијарди долари или за 0,3 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан договор за соработка меѓу Комората на сметководители и на проценувачи

Објавено

на

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на  взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа  претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно