Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Колумни

Почесните титули: Менаџер vs. Лидер

Објавено

на

Луѓето се менуваат, тоа е факт. А, уште поголем факт, односно, најголем факт е дека најголем дел од луѓето се менуваат кога ќе ја добијат моќта во свои раце. Мала доза на авторитет и го забораваат својот почеток, го земаат пехарот, се искачуваат на пиедесталот и оттаму ги диригираат движењата на останатите, оние обичните кои сега се наоѓаат под нив. 

“Значката” на шеф која ја поседуваат (во најголем дел од случаите сигурно ќе познаете дека ја поседуваат) им дава огромна протекција и слобода што тие едноставно може да прават се што сакаат, а на вас останува привилегијата да го следите “шоуто”. Секоја чест на исклучоците кои скромно го преживуваат и умешно се сносат со периодот на “тапкање” по рамото и коментарите од типот “Шефе немој сега да заборавиш со кого си бил пријател” и слични шеги кои во превод би значеле “Јас требаше да сум на таа позиција ама ајде знаеме кој те турка”. 

На страна од целиот овој циркуз, капа долу за оние кои одговорно, лидерски си ги вршат своите должности. Не случајно велам лидерски, бидејќи тоа е една од најголемите доблести која може да ја поседнува една личност. А профилот на менаџер и лидер не се две различни личности. Разликата е едноставно во начинот на размислување и делување на оној кој е одговорен за останатите. Дали некој ќе биде менаџер или лидер одлучува тој самиот, а разликите (за ако некогаш се најдете во ситуација да треба да изберете кое од овие две да бидете) ќе ви ги посочиме ние. 

Менаџерот е едно големо ЈАС. Да. Блага форма на епитетот шеф е токму менаџер. Тој стои пред сите и објаснува за се што има постигнато, за неговиот “трнлив” пат до успехот и како со макотрпна работа стигнал на позицијата од која што сега повторно ТОЈ и само тој ќе продолжи да ги извршува своите обврски. Во најголем број од случаите ТОЈ на крајот е единствениот кој НЕ партиципира во работата, но во неговиот речник никогаш не постои зборот ние бидејќи тој нема што да се поистоветува со другите кои се разбира не се на неговото ниво. За разлика од тоа, лидерот секогаш зборува во множина бидејќи на тој начин смета дека ги мотивира другите заедно да ги извршуваат обврските. 

Целта на менаџерот е да го покаже својот авторитет и моќта која ја поседува покажувајќи ги “забите” и сеејќи страв помеѓу останатите. Закани, казни и притисоци поврзани со работата секогаш се упатуваат на сметка на оние кои се наоѓаат под него бидејќи смета дека на тој начин поуспешно ќе ја менаџира својата работа. И секогаш тоа е проследено со коментари од типот “Ништо не работат, ако не им свикаш цел ден седат и дремат” кои најчесто се изнесени пиејќи кафе во локален кафич во текот на работното време заедно со својот пријател, се разбира исто така менаџер бидејќи нормално кога си менаџер не се дружиш со ништо подоле од тебе. Си го држиш гордо менаџерскиот круг за да имаш со кого да споделуваш како не ти се послушни вработените. И додека менаџерот ја “менаџира” својата работа на кафе, лидерот на секој можен начин се обидува да генерира ентузијазам кај вработените. Тој се поистоветува со ситуацијата и зборува со нив како да е дел од истото, ги мотивира и ги подучува, а сето тоа резултира со задоволни вработени кои навистина умешно ја работат својата работа. Просто кажано, менаџерите практикуваат моќ додека лидерите ја развиваа истата кај луѓето.

Менаџерите се едноставно херои. Тие храбро ги поминале сите битки во животот и цврсто се држат покрај нивното најголемо достигнување – менаџирањето. Лидерите создаваат херои од луѓето кои ги опкружуваат.

Менаџерите сакаат и да наредуваат. Храна за нивното его е да речат некому оди и направи го ова. А, да не збориме дека ако не го направи одма тоа ќе биде проследено со викање и казни. За разлика од тоа, лидерот ќе дојде заедно со тебе и ќе ти помогне да ја извршите задачата.

Ова се само некои од клучните разлики помеѓу профилот на менаџерот и лидерот. Заклучокот е дека во секој од нас постои потенцијал и за едното и за другото, а на нас останува да ја донесеме одлуката на кој начин сакаме да ги управуваме работите во животот и дали во нас ќе преовладува ликот на семоќниот менаџер или на искусниот, зрел лидер. 

 

Колумни

Како популарните игри Fortnite и Clash of Clans се користат за перење пари?

Објавено

на

Кога мислите на перење пари, лесно е да се замислат салони за нокти, школки корпорации или банкарски сметки во странство. Но, како што се појавуваат нови технологии како криптовалутите, така се појавуваат и нови методи за претворање на нелегално стекнатите придобивки во оданочен приход. Сепак, најочигледните методи не се најдобри. Додека биткоинот продолжува да напредува, креаторите на политики, полицијата и обвинителите инвестираат повеќе ресурси во борбата против нелегалните шеми. Како одговор, постои сомневање дека претприемничките криминалци се свртуваат кон поиновативни решенија, како перење пари со помош на масивни мултиплеер игри. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиенти кои знаат сè…

Објавено

на

Сите сме ја слушнале познатата изрека “Клиентот е секогаш во право” и до некаде може да се сложиме со оваа констатација единствено поради фактот дека ние – продавачите сме таму токму поради клиентите и реализирањето на нивните барања, потреби, желби, но… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Перење на трансакции е новиот, напреден облик на перење пари

Објавено

на

Електронското перење пари, познато како Перење на трансакции, е дигитална еволуција за перење пари и стана еден од најголемите предизвици со кои се соочува режимот против перење пари (АМЛ) денес. Принципот е едноставен: непознат онлајн бизнис користи платежни ингеренции на овластен трговец за обработка на трансакции со кредитни картички за непознати производи и услуги. Перењето на трансакции претставува форма на перење пари што се случува кога плаќањата се за незаконски цели – како фалсификувана стока, дрога, нелиценцирано коцкање – се обработуваат од страна на легитимни трговци во име на друга страна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange