Connect with us

Кредити

Потрошувачки кредит од Халкбанк со посебни услови за членовите на СОНК

Објавено

на

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 4,9% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е производ на Халкбанк со посебни услови наменет за членовите на СОНК.

Максималниот износ на кредитот е 1.500.000 денари, а рокот на отплата е до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5% варијабилна каматна стапка ( референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 1,5 % зголемена за 3,5 процентни поени).

Како и кај стандардниот потрошувачки кредит, така и кај овој производ, провизијата за одобрување на кредитот е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација за кредитот и 200 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Пакетот полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје е наменет за осигурување на потрошувачкиот кредит и обезбедува покритие во случај нанеможност за враќање на кредитот (во случај на смрт од било која причина, смрт од незгода), како и при траен инвалидитет (над 30%) во случај на незгода.

Халкбанк Потрошувачки кредит со посебни услови за членовите на СОНК:

🔸 Денарски потрошувачки ненаменски кредит

🔸 Можност за кредит до 1.500.000 МКД

🔸 Рок на отплата до 120 месеци

🔸 4,9% фиксна каматна стапка за првите 3 години

🔸 Вклучена полиса од Халк Осигурување

🔸 Без трошоци за предвремена отплата и одобрување

Кредити

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на станбените кредити

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги намали променливите каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула кои ќе бидат одобрени по 10.08.2020 година. Поволностите што ги обезбеди Банката овозможуваат станбени кредити чија променлива каматна стапка веќе е под 5% и изнесува 4,5%, односно 4,7% соодветно, во зависност од одбраната опција.

(more…)

Продолжи со читање

Кредити

Реновирање или преселба? Станбениот кредит не претставува проблем туку помага при сериозни животни одлуки

Објавено

на

Според истражувањата, дел од стресните настани во животот на луѓето е реновирањето на станот. Тоа не е изненадувачко, затоа што има многу чекори што треба да се преземат за да може сè да биде правилно спроведено. Избор на материјали, плочки, врати, прозорци, обезбедување мајстори, многу потребно време и неизвесност дали на крајот сè ќе биде онака како што е замислено, се стресни и тоа го знае секој кој вршел реновирање во домот. Притоа, многу често финансиската конструкција на крајот не излегува онака како што е планирано. Затоа, многумина наместо за реновирање, се одлучуваат за купување нов дом. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Квалитетот на изработката е важна одлука при избор на вашиот нов дом

Објавено

на

За повеќето луѓе, најголема инвестиција во животот е купување имот, стан или куќа, за себе и за своето семејство. Затоа, оваа одлука е една од најважните што се донесува. Последиците од изборот се далекусежни, па затоа чинот на купување стан треба да биде добро осмислен. (more…)

Продолжи со читање

Популарно