Connect with us

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав.

Со ова атрактивниот потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка уште еднаш потврдува зошто е со најповолни услови на пазарот – отсега може да се обезбеди и со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување живот или со осигурување од неможност за отплата преку Триглав
осигурување. Потрошувачкиот кредит за пензионери и станбениот, пак, се достапни со полиса за животно осигурување од Триглав осигурување Живот.

Полисите за осигурување на Триглав се достапни на шалтерите во Комерцијална банка со истите услови и поволности што ги нудат двете осигурителни компании.

Новите можности што ги даваат Комерцијална банка, Триглав осигурување и Триглав осигурување Живот имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за корисникот и за неговото семејство.

Комерцијална банка во континуитет ја збогатува својата понуда со услуги од сегментот на неживотното и животното осигурување затоа што потребите на клиентите се пред сѐ. Со осигурителните полиси својата широка палета на кредити ја прави уште поатрактивна за граѓаните, кои покрај тоа добиваат и квалитетна и комплетна услуга.

Триглав осигурување Живот со оваа понуда се потврдува како вистински партнер на македонските граѓани при градење деловен однос помеѓу клиент, банка и осигурителна компанија. Животното осигурување станува сѐ поатрактивен производ за македонските граѓани, а инкорпорирано во понудата на банкарските услуги се издвојува по високото ниво на обезбедена заштита на кредитокорисникот.

Осигурувањето од неможност за отплата на кредит на Триглав Осигурување, покрај останатите покритија, нуди и покритие во случај на невработеност. Ризикот од губење на работното место во денешно време е особено изразен и создава чувство на несигурност кај голем дел од граѓаните. Затоа, за Триглав е важно да гради однос на доверба со клиентите, како и стратешки партнерства, кои што ќе им обезбедат поддршка и сигурност кога им се најпотребни.

Повеќе информации за новите кредити на Комерцијална банка се достапни на веб-страната www.kb.mk.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно