Останато
Потребни се одржливи мерки за сузбивање на пандемијата и спас на економијата


Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект. Со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за кои нема правен механизам за спроведување сите се ставаат во неповолна состојба.
„Со најавената задолжителна вакцинација во приватниот сектор се добива впечаток дека проблемот се префрла од Министерството за здравство кон деловните субјекти. Во услови кога не е спроведена целосна вакцинација на медицинскиот персонал, потребна е сериозна кампања на Министерството за здравство преку која ќе се споделат релевантни информации за вакцините и ќе им овозможи на луѓето секој индивидуално да донесе одлука базирана на факти.
Целосно е неприфатливо товарот за задолжително тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат да падне на претпријатијата, бидејќи тие и така се наоѓаат во лоша финансиска состојба со сериозно намалена ликвидност, бидејќи голем дел од обврската за да се задржат вработените и да се одржи деловната активност во услови на криза е токму на работодавачите.
Во услови на инфлација, раст на цените на сите суровини и репроматеријали, стотици парафискални давачки, наместо олеснување и креирање на политики за економско заздравување, ваквото наметнување на нов трошок за ПЦР тестови само ќе придонесе за згаснување на претпријатијата и продукција на зголемен број на невработени лица кои ќе паднат на товар на државата. Проблемот е нагласен поради тоа што не се работи за еднократен трошок, за да би можеле деловните субјекти да калкулираат во своите пресметки, како што се на пример редовните систематски прегледи за вработените, туку се работи за константно повторување на секои 72 часа, што е тотално несправедливо.
Ја повикуваме Владата наместо донесување на мерки со кои ќе се продлабочи кризата, во наредниот период да се посвети на креирање и имплементација на политики кои ќе донесат заздравување на економијата, преку нови, навремени, континуирани и насочени мерки, донесени во консултација со приватниот сектор. Сојуз на стопански комори, како и досега, изразува подготвеност со свои експерти да придонесе во предлагање и креирање на истите.”, велат од Сојузот на стопанските комори на Македонија.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје