Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Потпишан меморандум за соработка меѓу МБА, МБХВ и ЦДХВ

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација, Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдуваат полињата за кооперација што се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.

Целта на соработката е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, информираат од МБА.

Соработка ќе се реализира во повеќе домени со особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред се семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.

Меморандумот предвидува и преземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје оствари добивка од 19 милиони евра во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 405 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, независен член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 405 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange