Останато
Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ


На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови.
Меморандумот предвидува соработка во неколку области: соработка меѓу двете професионални организации во спроведување на заеднички обуки, креирање заеднички став и консолидирано изјаснување кон актуелни регулативи од взаемен интерес, размена на информации за можни предавачи на едукативните настани организирани од страна на двете договорни страни. Взаемно почитување и унапредување на меѓусебните односи и соработка.
Во рамките на оваа соработка, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ќе врши признавање до 8 часови Континуирано професионално усовршување (КПУ), на годишно ниво, за обуки организирани од страна на ИОРРМ во соработка со ЗВРМ за членовите (овластени ревизори).
Договор го потпишаа претседателката на ЗВРМ, г-ѓа Билјана Секуловска, и претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје