Connect with us

Останато

Потврдени повеќе од 60 говорници на Самитот Македонија2025

Објавено

на

Од 7-ми до 10-ти ноември во хотелот Мериот-Скопје, меѓународната невладина организација Македонија2025 по седми пат ќе го организира годишниот Самит Македонија2025 – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат: Кевин Мурнејн – Професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – Заменик-премиер и Министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – Менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; д-р Џорди Серано Понс – Основач и Главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – Основач и Директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво. Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија.

Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30-ти септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1-ви октомври 2018. Регистрирајте се на официјалната веб-страна: http://www.mk2025summit.com

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange