Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

Постои опасност биткоинот да крахира!?

Објавено

на

Вредноста на биткоинот би можела да потоне на нула, изјави за CNBC еден од најважните инвеститори во крипто заедницата, Џеф Шумахер за време на дебата во Давос која се фокусираше на иднината на технологијата позната како блокчејн (blockchain).

Според податоците на Coinmarketcap, криптовалутите имаа „луда“ 2018 година, со вредност од над 480 милијарди долари која е избришана од целиот пазар. Откако постигна рекордно ниво во 2017 година, биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација, драматично опадна. Во моментов биткоинот се тргува по цена од 3.571 долари.

Некои од најголемите експерти веруваат дека вредноста на биткоинот би можела да оди и уште пониско од сегашното ниво.

“Верувам дека ќе оди на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се базира на ништо”, изјави Џеф Шумахер, основач на BCG Digital Ventures, за време на панел дискусија во Давос, организирана од CNBC.

Шумахер е голем инвеститор во компании фокусирани на блокчејн технологија.

За време на расправата, Глен Хатчинс, претседател на North Island, рече дека улогата на биткоинот во иднина би можела да биде фокусирана на поддржување на вредноста.

“Можно е улогата на биткоинот во системот да биде враќање на вредноста, задржување на вашата вредност. Ќе имате токени кои имаат други употребни намени кои не ги користите во моментов”, рече Хатчинс.

Сите панелисти се согласија дека фокусот е всушност на блокчејнот како технологија која може да се користи на различни начини. Веќе се гледа во кој правец тоа би можело да оди. Тоа особено се гледа во Азија, каде блокчејн технологијата се применува во областа на плаќањето.

Форекс

Склучен Меморандум за Соработка помеѓу Македонска Берза АД Скопје и АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари

Објавено

на

Со цел унапредување на меѓусебната соработка помеѓу „Македонската Берза АД Скопје“ и „АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари“ склучија Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Недела на Funderbeam во Македонска берза

Објавено

на

Македонската берза во рамките на настанот „Недела на Funderbeam“ организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“

Објавено

на

Македонска берза се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе.

Македонска берза, во наредниот период ќе организира бесплатна обука на тема „Основи на анализа на финансиски извештаи“ за студенти и невработени лица во времетраење од 2 дена. Со оваа обука, учесниците ќе се запознаат и ќе ги продлабочат знаењата во врска со структурата на основните финансиски извештаи, како и алатките и техниките на изготвување и анализа на финансиските извештаи. Со овој скромен придонес, Македонска берза, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.

Линк за настанот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange