Connect with us

Останато

Постигнат финансиски договор за ветерна централа во Северна Македонија со капацитет од 36MW

Објавено

на

Фондот за зелен раст, Ге-Ге-Еф, (the Green for Growth Fund – GGF), инвестициски фонд со општествено влијание, чиј советник е Finance in Motion, вложи 3,5 милиони евра во Тхор Импекс Д.О.О. Тоа е прва инвестиција на фондот во сопственички капитал, со која делумно ќе се финансира изградбата и работата на ветерна централа со моќност од 36MW близу село Богословец во Северна Македонија.

Мнозински акционер е БНБ Компани Д.О.О., холдинг компанија за енергетски проекти во Северна Македонија. Главен инвеститор е Erste Group Bank AG, која го обезбеди повластениот долг заедно со Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје. Обичниот долг го обезбеди Австриската банка за развој (OeBB).

Со градежните и комерцијалните работи ќе раководи компанијата Curo Energy s.r.o., со своето обемно искуство во изградбата на ветерни централи во регионот. Богословец се очекува да почне со работа кон средината на 2023.

Северна Македонија се потпира претежно на јаглен и лигнит. Иако апетитот за обновлива енергија порасна изминативе години, преодот кон разновидна обновлива енергија претежно се заснова на хидроелектрична енергија, која претставува 37% од вкупната инсталирана моќност и 90% од обновливиот капацитет. По завршувањето, Богословец не само што ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата, туку и со оглед на тоа што е прва ветерна централа во земјата во независна сопственост, ќе претставува и проект за пример за обновлива енергија за продажба во приватна сопственост. Се очекува дека проектот ќе донесе намалување на емисиите од над 87.000 тони CO2 годишно, како и примарна заштеда на енергија над 269.000 MWh годишно. Се проценува дека проектот ќе произведува доволно зелена електрична енергија за да снабдува повеќе од 20.000 домаќинства, со што ќе се избегне емисија на 80.000 тони CO2 годишно.

Проектот кај Богословец е усогласен со целта на GGF за одржливи инвестиции и истовремено ги поддржува општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија. Проектот непосредно ќе придонесе за спроведувањето на Акцискиот план за обновлива енергија на Северна Македонија, чија цел е да се достигне удел од 50% обновлива енергија во производството на електрична енергија до 2024 година. Така, инвестицијата на GGF во голема мера ќе ја поддржи Северна Македонија да ги оствари своите еколошко-енергетски цели.

Олаф Цимелка, претседателот на GGF, изјави: „Овој проект многу нè радува бидејќи Богословец е првенец во повеќе погледи како за фондот, така и за земјата. Ова ни е прва инвестиција во сопственички капитал, прва наша директна инвестиција во Северна Македонија, и прва независна ветерна централа во земјата. Овој проект во голема мера ќе ја поддржи Северна Македонија да ги постигне своите цели во политиката за обновлива енергија и да ја намали мерата во која земјата се потпира на фосилни горива.

ЗА GGF

Фондот за зелен раст (GGF) вложува во мерки наменети да се намалат употребата на енергија и емисијата на CO2, како и да се подобри ефикасноста на ресурсите во 19 пазари во Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Блискиот Исток и Северна Африка. Фондот обезбедува такво финансирање директно за проекти за обновлива енергија, деловни субјекти и општини, или индиректно преку одбрани финансиски институции. Инструментот за техничка помош на GGF го максимизира влијанието на инвестициите на фондот преку поддршка за градење капацитети кај локалните финансиски институции и партнери.

GGF е основан како јавно-приватно партнерство во декември 2009 година од страна на германската банка за развој Ка-Еф-Ве (KfW Development Bank) и Европската инвестициска банка, со финансиска поддршка од Европската комисија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој, и Австриската банка за развој (OeBB). Сè поголемата база на инвеститори на фондот вклучува донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и институционални приватни инвеститори, меѓу кои и Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation), холандската банка за развој FMO, и германската етичка банка GLS. GGF го има за советник Finance in Motion GmbH, еден од светските водечки управувачи со средства со општествено влијание, кој моментално управува/советува за средства во износ од над 2,6 милијарди евра. MACS Energy & Water GmbH се технички советник.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно