Connect with us

Останато

Последен ден за пријавување на хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговија

Објавено

на

Заклучно со 23:59 часот денеска може да се доставуваат пријави на првиот 48 часовен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија” што ќе се одржи онлајн, од петок, 14 мај до недела, 16 мај. Сите заинтересирани студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ може да се пријавуваат индивидуално или во тим. преку веб страницата: https://hackathon.ecommerce.mk/.

Хакатонот го организира Асоцијацијата зе е-трговија на Македонија (АЕТМ), а предизвикот  е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?”. Поделен е на две категории: „Едуцирај и мотивирај” поддржан од НЛБ Банка Скопје и „Детектирај и сузбиј” поддржан од Касис АД Скопје.

Хакатонот се организира во соработка со Економскиот Факултет – Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Студентски парламент ФИНКИ и е наменет за студентите токму од овие два факултети, кои со заеднички интердисциплинарни знаења ќе развиваат концепти за дигитални решенија за борба против сивата економија во е-трговија. Победничките решенија, ќе бидат наградени со награден фонд од 3.000 евра, кои ќе им послужат за успешна имплементација на победничките предлог решенија.

„Поттикнати од фактот дека една од главните бариери за раст која ја посочуваат е-трговиците е токму нелојалната конкуренција која се создава преку сивата економија, од една страна, како и ниското ниво на свест и даночен морал од друга страна, во Програмата за работа за 2021 година на Асоцијацијата ставивме фокус токму на сивата економија во е-трговија. Преку овој настан, кој е од особено големо значење, горди сме што заедно со студентите од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ,  ќе придонесеме за решавање на реален проблем и навистина многу значаен за регистрираните е-трговци. Преку хакатонот и процесот на работа во тимови, студентите не само што ќе придонесат во решавање на општествен проблем, туку и ќе добијат уникатен увид во врска со пазарот за е-трговија и ќе запознаат неверојатни соработници, ментори и потенцијални работодавци”, велат од АЕТМ.

За студентите, укажуваат, овој хакатон претставува шанса не само да креираат решенија за намалување на сивата економија, туку и заеднички да соработуваат со бројни ментори кои доаѓаат од домашни компании и државни институции, да работат на реален општествен проблем и да поттикнат претприемачко размислување.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно