Connect with us

Домашни банки

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Објавено

на

Повикот за поднесување барање до Развојната банка за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот.

Повикот е достапен на веб-страницата на Развојната банка, од каде што може да се преземе барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на имејлот kreditiranje@mbdp.com.mk.

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки што ги спроведува Владата на Република Северна Македонија и нуди можност за кредитокорисниците на ,,Ковид1” бескаматната кредитна линија да го продолжат грејс периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци.

Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании, кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77% се микрокомпании, кои вработуваат до 10 лица, 21% се мали компании што вработуаат до 50 лица и 2% се компании со средна големина што вработуваат до 250 лица.

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите за месец октомври, се изврши во 4 групи во сите отворени експозитури на банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Донација за СОУ Јосип Броз Тито од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола донираше инвентар, училишни клупи и столчиња во гимназијата Јосип Броз Тито во Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно