Connect with us

Лични финансии

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс со коментар за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

„Според политичарите, пандемијата постепено се движи кон својот крај. Мерките постепено олабавуваат, некои држави веќе делумно ги отворија градинките и училиштата. На насловните страни на медиумите се појавуваат вести кои не се поврзани со пандемијата. Но, пандемијата и пред сè, привремениот прекин на животот и економијата оставија длабоки последици во светската економија. Предвидувањата се подобруваат од недела во недела иако проценките укажуваат дека се наоѓаме во најлоша рецесија по Големата депресија од 1930-тите. Во Европа, падот на БДП во 2020 година веројатно ќе биде нешто повеќе од 10%, во САД нешто помал, околу 6%, но ова се сепак загрижувачки бројки. Некои индустрии, а со тоа и компании, нема да можат брзо да се опорават и да се вратат на стариот пат, а за некои иднината ќе биде значително поразлична од минатото. Оваа неизвесност, поврзана со прашањето што ќе се случи на есен, кога истекува директната поддршка на компаниите и вработените ширум светот заради намалениот обем на работа, е причина за загриженост. Затоа државите продолжуваат да преземаат дополнителни мерки за да го ублажат падот, што од една страна ја зголемува довербата на инвеститорите на берзите, а од друга страна, во некои дејности расте оптимизмот бидејќи менувачките трендови го зајакнуваат или дури и во голема мерка го зголемуваат обемот на бизнисот.

Ова е јасно забележливо во резултатите на компаниите за првиот квартал и предвидувањата за вториот квартал. Повеќето големи компании веќе ги објавија резултатите од нивното работење и многу претпазливите очекувања за остатокот од годината, а трендот е повеќе од јасен. Банките очекуваат да се справат со нефункционални кредити, додека туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и да побараат државна помош. Од друга страна, прехранбените компании забележаа пресврт на некои трендови и со тоа раст на бизнисот. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци, а кризата исто така имаше позитивен ефект и врз ИТ компаниите. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина исто така изгледа оптимистично. Одеднаш, високите цени на лековите користени во изборната кампања на САД веќе не се проблем.

Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за сегашноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос.”, велат од Генерали Инвестментс.

Совети за инвеститорите

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, воздухопловството или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален зачин на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за тековните и идните активности на истите.

Лични финансии

Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

Објавено

на

Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Неопходен е избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кон индустриите кои подобро ја преживеале кризата

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно