Connect with us

Останато

Пораст на цените на нафтата!

Објавено

на

На светските берзи цената на нафтата минатата недела се зголеми за 6 проценти и го достигна највисокото ниво во последната година.

Зголемувањето на цената на нафтата се должи на одржување на договореното ниво на производство од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), како и на очекувањата за заздравување на економијата и за зголемување на побарувачката на „црното злато”.

На лондонската берза минатата недела цената нафта се зголеми за повеќе од 6 проценти и еден барел се тргуваше за 59,34 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година.

Додека на американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за речиси 9 проценти и еден барел се тргуваше за 56,85 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година.

ОПЕК и сојузниците подолг период координирано го намалуваат производството за 7,2 милиони барели дневно со цел да се усогласат со намалената побарувачка во време на пандемијата со Ковид-19.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно