Connect with us

Анализи

Пораст на побарувачката за кредити за здравствени потреби, но и зголемување на понудата на „здравствени” кредити

Објавено

на

Ковид кризата влијаеше многу негативно врз голем дел од граѓаните кои останаа без својата работа или драстично им беа намалени месечните приходи.

Голем дел од нив за да можат да го преживеат овој тежок период посегнаа по потрошувачките кредити од банките, но и по брзите кредити со цел да ги подмират тековните сметки за режиски трошоци, за прехранување, но има и такви кои аплицираат за банкарски кредит за да ги подмират своите здравствени потреби.

Изминатиов период кредитите станаа најбараниот инструмент за пребродување на корона кризата.

Граѓаните бараат начин да дојдат до паричен прилив, дури и по цена на висока каматна стапка или провизија за одобрување. Доколку бидат одбиени од банките, тие аплицираат за парични средства и од финансиските институции каде каматните стапки се повисоки, но одобрувањето на кредитот е значително побрзо и поедноставно.

Се почесто се земаат кредити за операции, за набавка на скапи лекови, чување на матични клетки, инвитро оплодување, породување, стоматолошки услуги, за пластична хирургија и слично, а банките и останатите финансиски институции согледаа можност за профитирање, па побрзаа да лансираат интересни понуди за разни ненаменски потрошувачки кредити.

Македонските финансиски институции се повеќе ги олбавуваат условите за кредитирање се со цел да ги задоволат барањата на клиентите и за што пократок рок да им ги одобрат кредитите.

Од финансиските институции наведуваат дека забележале зголемување на интересот кај граѓаните за подигнување на кредити, а голем дел од тие кредити што се подигнуваат се за покривање на трошоците за здравствени потреби. Токму поради тоа, тие настојуваат да ги олеснат условите како би им излегле во пресрет на кредитобарателите да им се одобрат барањата за кредит во најкраток рок, секако доколку клиентите ги исполнуваат минималните потребни услови за добивање на кредитот.

Во регионот, банките и останатите финансиски институции веќе одамна нудат наменски здравствени кредити, пред се за породување, за естетска хирургија, за вештачко оплодување, за чување матични клетки и слично.

И во нашава земја има банки и финансиски институции кои ја согледуваат потребата на граѓаните, па во своето портфолио воведуваат кредитни производи или наменски кредити за здравствени потреби.

Анализи

Оштетените штедачи во Еуростандард со апел: Актерите во пропаѓањето на банката да добијат оскар!

Објавено

на

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи

Објавено

на

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Главни акценти за периодот јануари – септември 2020 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно