Форекс
Порасна цената на нафтата поради намалена понуда


Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,16 долари во однос на претходното затворање, на 85,63 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,06 долари повисоко, по 83,16 долари.
Фокусот во последните денови беше ставен на ограничувањата на снабдувањето од водечките производители од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија.
Членките на ОПЕК во декември произвеле само 70 илјади барели дневно повеќе отколку во ноември, а договорот од минатото лето отвори пат за зголемување од 253 илјади барели дневно.
Некои земји не успеаја да ги искористат предностите од нивните доделени квоти поради недоволните инвестиции и доцнењето во одржувањето на бунарите за време на пандемијата Ковид 19, па побарувачката може да ја надмине понудата.
Поддршка на цените денеска обезбеди и послабиот долар кој ја зголемува куповната моќ на сопствениците на други валути, а со тоа и побарувачката.
Загриженоста во врска со понудата ги засени тврдењата на неименувани извори дека Кина планира да одржи уште една аукција на нафта од стратешките резерви околу Лунарната Нова Година, како дел од иницијативата на групацијата предводена од САД, чија цел е да го спречи растот на цените.
Министерството за енергетика на САД во четвртокот објави дека продало 18 милиони барели нафта од стратешките резерви.
Зголемувањето на цената на нафтата сè уште може да ја намали загриженоста за побарувачката во Кина поради ширењето на варијантата омикрон во градовите Далиан и Тијанџин. Многу градови, вклучително и Пекинг, ги повикаа граѓаните да не патуваат за новогодишните празници, забележува Ројтерс.
ОПЕК денеска одделно објави дека барел од нафтените кошници на нејзините членки во четвртокот чинат 84,72 долари, што значи дека неговата цена порасна за 37 центи во однос на претходниот трговски ден.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје