Connect with us

Криптовалути

Поранешниот шеф на ЕЦБ вели дека биткоинот „не е реален“

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин нема никакви валутни карактеристики и е чисто шпекулативна, изјави поранешниот претседател на Европската централна банка Жан-Клод Трише.

Кинескиот весник South China Morning Post објави дека Трише дал негативни забелешки за најпознатата криптовалута на конференцијата во Пекинг.

 

За време на настанот, Трише исто така, изразил сомнеж дека криптовалутите некогаш може да станат иднина на плаќањето. Жан-Клод Трише изјавил дека на биткоинот му недостасуваат карактеристиките на реалната валута.

„Јас најостро се спротивставувам на биткоинот… Криптовалутата сама по себе не е реална, со оглед на карактеристиките што една валутата мора да ги поседува”.

 

Трише исто така, објаснил дека верува дека купувањето на криптовалути во многу аспекти е чисто шпекулативно. Тој исто така, тврдеше дека дури и кога крипто средствата биле поткрепени со недвижнини, тој сепак забележал многу шпекулативни моменти, за кои заклучил дека „не се здрави“.

Трише додаде дека тој исто така не е обожавател на новата криптовалута на Facebook познатата Libra и истакна дека претпочита Специјалните права за влечење (СПВ) издадени од Меѓународниот монетарен фонд.

 

 

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно