Connect with us

Криптовалути

Поранешниот менаџер на „Coinbase“ е уапсен во случајот за инсајдерска измама со криптовалути во САД!?

Објавено

на

Поранешен менаџер на производи во најголемата берза за криптовалути во САД – „Coinbase Global“, заедно со уште двајца вработени во компанијата, се обвинети за измама поврзана со криптовалути. Ова е прв случај во странство на инсајдерско тргување со криптовалути, соопштија американските обвинители во Менхетен, пренесува „CNN Business”.

Ишан Вахи, продукт менаџер на берзата за криптовалути и неговиот брат Нихил Вахи беа уапсени во четвртокот во Сиетл и се очекува да се појават пред федералниот суд. Тие и третообвинетиот, нивниот пријател Самир Рамани, се соочуваат и со граѓански обвиненија од американската Комисија за хартии од вредност.

Според обвинението, 32-годишниот Ишан Вахи споделил доверливи информации за претстојните најави за нови средства за криптовалути со кои „Coinbase” ќе им овозможи на корисниците да тргуваат преку својата берза.

Обвинетите, наводно, користеле блокчејн паричници етериум за да ги стекнат средствата со кои се тргувало најмалку 14 пати пред најавите на „Coinbase” во јуни 2021 година и април 2022 година.

Обвинетите оствариле незаконски профит од најмалку 1,5 милиони долари

„Измамата е измама, без разлика дали се случува на блокчејн или на Волстрит“, изјави Демиен Вилијамс, американскиот адвокат во Менхетен.

Во обвинението, исто така, се наведува дека Ишан Вахи купил авионски билет во еден правец за Индија, откако главниот службеник за безбедност на „Coinbase” го повикал во канцеларијата на компанијата во Сиетл на состанок.

Меѓутоа, органите на прогонот му забраниле да се качи на летот на 16 мај, бидејќи истрагата против него веќе била започната.

Филип Мартин, главен службеник за безбедност на „Coinbase”, рече дека компанијата споделила информации со обвинителите по внатрешна истрага.

„Ние сме посветени да го направиме нашиот дел за да се осигураме дека сите учесници на пазарот имаат пристап до истите информации“, напиша Мартин на „Твитер”.

Минатиот месец, федералните обвинители во Менхетен обвинија поранешен менаџер на производи во „OpenSea”, најголемиот онлајн пазар за незаменливи токени, за тргување со внатрешни информации во она што обвинителите го опишаа како прв таков случај со дигитални средства.

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Објавено

на

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите повторно во пораст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)

Продолжи со читање

Популарно