Connect with us

Анализи

Порака од Светската Царинска Организација по повод 26 јануари – Меѓународен ден на царината

Објавено

на

Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари. На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Така, во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина при што социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби ќе бидат во сржта на нејзините активности.

По повод Меѓународниот ден на Царината – 26 јануари во целост Ви ја пренесуваме пораката од Д-р Кунио Микурија, Генерален секретар на СЦО.

Царината е единствено овластена и поставена на границите за да има значајна улога во меѓународниот ланец на снабдување, обезбедувајќи одржлива, сигурна и инклузивна иднина за сите. Затоа, на само 10 години преостанати за постигнување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации и со имајќи ги предвид директните врски меѓу стратешката мисија на Царината и неколкуте цели за одржлив развој, од голема важност е Царината да ги исполни сите еколошки, економски, здравствени и социјални предизвици, истовремено зголемувајќи ги своите напори за ефективна реакција на проактивен начин. Врз оваа основа, придонесот на Царината за одржливост може да се категоризира на следниов начин:

Им служи на граѓаните преку градење на безбедни и сигурни општества. Царината игра клучна улога во спроведување на законите поврзани со најголемите социјални и економски предизвици со кои се соочуваат општествата низ целиот свет. Царината го постигнува тоа промовирајќи иновации за заштита на правата на интелектуална сопственост и спречување на влез на неквалитетни или фалсификувани и недозволени производи на локалните пазари, преку борба против меѓународниот организиран криминал и тероризам и преку дејствување против трговија со луѓе, дрога, оружје и перење пари, покрај другите сериозни прекршоци.

Обезбедува просперитет преку намалување на трговските бариери за праведни и инклузивни општества. Меѓународната трговија има голема важност за поддршка на просперитетно, одржливо и издржливо општество и економија. Со рационализација на своето работење, Царината може да го намали времето и трошоците за пренос на стока преку граница и да ги стимулира трговските активности, што ќе доведе до зголемени приходи и вработувања, но и да промовира домашни и странски инвестиции. Покрај тоа, со подобрување на ефикасноста на границите и, подобро на управувањето и поголема стабилност. Со спроведување на силна акција против трговски измами и затајување данок, Царината гарантира дека владите не се лишени од клучните приходи потребни за финансирање на јавната инфраструктура и услуги.

Ја штити планетата и обезбедува нејзина одржливост за идните генерации. Царината може да придонесе во борбата против климатските промени и да обезбеди засилена еколошка одржливост преку поддршка на ефективно спроведување на различни Мултилатерални договори за животна средина. Меѓу целите на ваквите договори се и справување со недозволена трговија со опасен отпад и супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, борба против недозволена трговија со загрозени видови и спречување на ширење на растителни и животински заболувања, како и инвазивни видови. Освен тоа, Царината може да биде задолжена и за ефикасна наплата на акциза за емисиите на јаглерод.

Различните димензии на одржливост го поткрепуваат придонесот на Царината за постигнување на 17-те цели за одржлив развој наведени во Агендата на Обединетите Нации за 2030 година. Всушност, новата визија на СЦО – „Соединување на Царината за побезбеден и попросперитетен свет: Границите делат, Царината поврзува“ – содржана во Стратешкиот план на организацијата за 2019-2022 година ја истакнува улогата на Царината за обезбедување награниците, придонесувајќи за економски просперитет и обединување на сите актери во целокупниот ланец на снабдување.

Истражувањето на СЦО за животна средина од 2019 година го истакнa фактот дека за да се приближиме кон одржливо општество чиј развој промовира длабока почит кон животната средина, Царината заедно со сите релевантни страни, мора да ги извршува своите активности со начин на размислување кој е одржлив, а СЦО особено треба да се фокусира на давање добар пример во оваа област. Така, преку различни алатки и специфични програми СЦО повикува да се преземат различни активности:

Имлементација на најновата верзија на Хармонизираниот систем на СЦО и препораките поврзани со истиот, доследна и транспарентна примена на царинските процедури и проактивен пристап на Царината за промоција и олеснување на поедноставување и усогласување на овие постапки, истовремено зајакнувајќи ја меѓуинституционалната соработка.

Спроведување на трговските одредби од меѓународните договори за животна средина, како што се Базелската конвенција, Монтреалскиот протокол, Протоколот од Картагена, Ротердамската конвенцијата, Стокхолмската конвенција, Конвенцијата за светско наследство и Конвенцијата CITES.

Користење на техники за управување со ризик и анализа на податоци за олеснување на трговијата, стимулирање на економски раст и привлекување странски инвестиции, со што се придонесува за намалување на сиромаштијата.

Проширување на агендата за „Дигитална царина“ со поголем акцент на употребата на современи технологии, вклучително безхартиена едношалтерка околина со високи перформанси и квалитетна ИТ инфраструктура.

Брза имплементација на Рамката на стандарди на СЦО за прекугранична трговија со цел да се искористат можностите за е-трговија на инклузивен начин, но истовремено со ефикасно справување со моѓните предизвици.

Намалување на влијанието на фалсификувањето и пиратеријата со цел спречување на нелојална конкуренција и создавање клима во која иновацииите и креативноста ќе растат.

Употреба на таргетирани пристапи за подобрување на интегритетот во Царината. Промоција на родовата еднаквост како овозможувач за одржлива промена и признавање на нејзиниот ефект на умножување во забрзувањето на одржливиот развој.

Со исполнување на својата визија, мисија и мандат, Царината може ефективно да придонесе за постигнување на сите 17 цели за одржлив развој на национално ниво. Оттука, работењето и методите на Царината треба да бидат усогласени со алатките и инструментите на СЦО, кои се вградени во неколку пакети: приходи, економска конкурентност, усогласеност и спроведување на закон и организациски развој.

Како и претходните години, јас сум целосно убеден дека Царинската управа и пошироката Царинска заедница ќе бидат на висина на задачата, целосно посветени на активна промоција на напорите и активностите насочени за поттикнување на „Одржливост за граѓаните, просперитетот и планетата“ што значи споделување на релевантни практики и активности со другите на состаноците на СЦО и преку клучните публикации на СЦО.

Анализи

Олеснети условите за кредит, се очекува трендот да продолжи

Објавено

на

Олеснување на кредитните услови во последниот квартал од 2019 година покажуваат објавените податоци од Анкетата за кредитната активност. Олеснување на условите има и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Очекувањата се дека и во првиот квартал од оваа година ќе има натамошно олеснување на кредитните услови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Се поевтини кредити во последните 5 години, но паѓаат и стапките на депозитите

Објавено

на

Каматните стапки на кредитите во последните пет години бележат постојан пад. Таков е трендот и за последниот статистички преглед за месец декември 2019 година кога каматната стапка на кредите се спуштила за прв пат под просекот од 5%. Ова се должи и на продолжувањето на послободна монетарна политика и помали трошоци за издавање на кредити на банките. Од друга страна пак, штедачите во последните пет години имаат помали каматни приливи на своите конта бидејќи исто така се намалуваат и каматните стапки за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Пакомак – прва македонска компанија која воведува светски тренд во рециклирањето

Објавено

на

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемена консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно