Connect with us

Останато

Поради рестриктивните мерки, 700.000 Британци ги затворија своите компании!?

Објавено

на

За време на сегашното целосно затворање (lockdown), околу 700.000 Британци ги затворија своите компании, покажуваат резултатите од новото истражување на фондацијата „Resolution“.

Според податоците од истражувањето, тоа значи дека секое седмо самовработено лице престанало да работи, што е зголемување за 50 проценти во однос на првата блокада воведена минатата пролет.

Пандемијата на коронавирусот влијаеше и на животниот стандард, бидејќи голем број на самовработени се соочуваат со пад на приходот за повеќе од една четвртина и повеќето од нив не добија никаква помош од властите.

„Коронавирусот и корона кризата во голема мера влијае врз самовработените граѓани кои имаат сопствени бизниси. Властите треба да ги прошират критериумите за поддршка на оние што ги запоставија, а на кои им е неопходна помош“, изјави Хана Слотер, економист од фондацијата „Resolution“.

фондацијата „Resolution“ е истражувачка организација која се бори за подобри услови за живот на луѓето со ниски и средни примања.

Во Велика Британија воведена е строга блокада односно целосно затворање (lockdown) во последните неколку недели, со бројни ограничувања како полициски час, затворање на продавници и големи ограничувања на социјални контакти.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно