Connect with us

Странски банки

Поради прекинот на воздушниот сообраќај, ЕЦБ има проблем при достава на пари во банките

Објавено

на

Европските централни банки преземаат мерки за да обезбедат снабдување со банкноти низ целиот континент, бидејќи побарувачката и понудата нагло варираат за време на глобалната пандемија.

За време на кризата, побарувачката за пари стана помалку предвидлива, според блогот на Европската централна банка, напишан од членот на одборот, Фабио Панета – достигнувајќи историско ниво од 19 милијарди евра во средината на март, последен пат видено во екот на финансиската криза во 2008 година.

Побарувачката за готовина се врати во нормала на почетокот на април, со тоа што неколку земји сега бележат повлекување пари под очекуваното ниво, бидејќи националните рестрикции ги ограничуваат можностите за трошење на пари.

Иако, се смета дека националните централни банки имаат големи залихи на пари, Панета признава дека сегашната ситуација и големите рестрикции од владите спречуваат многу вообичаени активности, а некои дури и целосно се стопирани.

„Како резултат на промените, ние постојано ги прилагодуваме нашите процеси за да се осигураме дека синџирот на снабдување ќе остане непроменет. Ние ги интензивиравме (виртуелните) контакти што се одвиваат помеѓу ЕЦБ – дејствувајќи како координатор и НЦБ и на национално ниво помеѓу НЦБ и надворешните партнери, како што се готовина и банкарски транзитни компании“, пишува Панета на блогот.

Панета вели дека доставата на банкнотите, вклучително и достапноста на материјалите и обработката и циркулацијата на банкнотите во оптек се „брзо решени“.

Се преземаат мерки за решавање на проблемите со транспортот и обработката на банкнотите предизвикани од затворањето на персоналот во нивните домови.

„И кога конвенционалните прекугранични системи за сообраќај – особено воздушниот сообраќај – се нарушени со ограничениот број на летови што се на располагање или од загриженоста дека банкарските курири и персоналот на превозникот треба да бидат ставени во карантин по патувањето во странство, банкарските трансфери помеѓу НЦБ се повторуваат по фиксен и претходно утврден распоред без застој“, додаде Панета.

Останато

Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка со цел да ја спаси рубљата

Објавено

на

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ќе го оданочува екстра профитот на банките!?

Објавено

на

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија дополнителен притисок врз домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР е најголем инвеститор во Северна Македонија! Како гледа на македонската економија?

Објавено

на

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 проект. (more…)

Продолжи со читање

Популарно