Connect with us

Странски банки

Поради овие 5 причини богатите ги штедат своите пари во швајцарските банки

Објавено

на

Знеме дека швајцарските банки се најсигурни во светот. Кога и да прочитате за некоја банкарска измама или сериозен банкарски скандал, скоро никогаш нема да сретнете швајцарска банка вмешана во нешто нелегално.

Во принцип, филмовите и ТВ сериите ги прикажуваат швајцарските банки како бастиони за безбедност, сивата тврдина каде што се крие идентитетот, а приоритет е приватноста на клиентите. Се разбира, реалниот живот не е толку розев, но постојат многу причини зошто огромните средства на пари скоро секогаш редовно се депонираат на банкарските сметки во Швајцарија.

Во продолжение ќе ви посочиме 5 причини зошто штедењето во овие банки е прав избор.

1. Швајцарските банки никогаш нема да го откријат идентитетот на својот клиент

Швајцарските банки се наоѓаат на врвот на листата на светски банки во заштита на идентитет на клиентите. Всушност, на банките во Швајцарија им е забрането да ги идентификуваат своите клиенти. Доколку името на клиентот го предадат во истражниот суд или во странска влада (без значителна правна причина), швајцарската влада може кривично да ја гони банката.

Секако, постојат исклучоци од секое правило, па доколку клиентот е обвинет за трговија со дрога, организиран криминал или шпионажа, банкарите ќе бидат принудени да ги предадат информациите за неговите банкарски сметки до истражните органи.

Но, во секој друг случај, никој нема да знае дека Вашата банкарска сметка во Швајцарија воопшто постои.

2. Сигурност на парите

Во случај банката во која ги имате депонирано парите  ја зафатат природни непогоди или пожари, парите ќе ви бидат сигурни и вратени во целост. Тоа е затоа што Здружението на банките на Швајцарија ја гарантира безбедноста на секоја поврзана банкарска сметка.

3. Швајцарија има најсигурна валута во светот

Швајцарскиот франк е една од најсигурните валути во светот. Оваа валута практично има нулта инфлација.

Зошто франкот е толку стабилен?

Повеќето модерни валути постојат дигитално и во колективната свест на своите корисници. Швајцарските франци, од друга страна, имаат најмалку 40% резерви на злато.

4. Стабилна економија

Важно е да се напомене дека не е само франкот стабилен, туку и целата економија на Швајцарија е повеќе од солидна и многу стабилна.

Со други зборови, меѓународните економски конфликти ретко имаат влијание врз швајцарската економија.

5. Швајцарската банка не е само за богатите

Повеќето луѓе мислат дека само најбогатите луѓе можат да си дозволат банкарска сметка во Швајцарија. Сепак, ова е обична заблуда. Ако имате 18 години и имате валиден пасош, вие можете да отворите сметка во било која швајцарска банка.

Одредени банки сигурно имаат дополнителни услови, вклучувајќи доказ за приходите и минимум депозит. Исто така, кај одредени елитни швајцарски банки, тој минимален депозит може да достигне и до 100.000 долари. Други швајцарски банки имаат услов од минимален влог од 10.000 долари, износ на пари што некои луѓе никогаш не го виделе на својата сметка.

Сепак, во швајцарските банки можете да бидете 100 проценти сигурни дека вашите заштеди се целосно обезбедени.

Токму поради безбедноста и сигурноста на парите, швајцарските банки често наплаќаат повисок надомест за одржување на банкарските сметки. Пред да се одлучите да ги оставите парите во некоја од швајцарските банки, треба да ги знаете дополнителните трошоци, но и да ги видите придобивките кои овие банки ги нудат.

Доколку барате сигурност за вашиот капитал, тогаш швајцарските банки се дефинитивно правиот избор за вас. Но, доколку барате поголеми приходи од камати, тогаш бегајте подалеку од банкарскиот систем во Швајцарија, бидејќи сигурноста која тој ја нуди го зема данокот врз каматните стапки кои се екстремно ниски, а во последно време често и негативни.

Платежни картички

Промени на раководните позиции во Мастеркард

Објавено

на

Главниот директор на „Mastercard” за производи, Мајкл Мајбах ќе стане извршен директор на почетокот на следната година, преземајќи ја функцијата од Ајаи Банга, кој преминува во улога на извршен претседател, пренесува „Financial Times“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Тинејџери ќе може да користат дебитни сметки преку Venmo

Објавено

на

Популарната апликација за парични трансакции Venmo развива нова услуга за корисниците која најверојатно ќе се нарекува Delegate. Идејата на новата секција на стартапот кој е во сопственост на PayPal е да им овозможи на тинејџерите да имаат сопствени дебитни сметки за располагање со средствата.

Дебитните сметки ќе може да ги отвори родител или старател за тинејџери кои се малолетни. Преку опцијата Delegate на Venmo ќе може да постават дневни лимити за трошење на средствата.

Од друга страна пак, тинејџерите како носители на дебитните сметки ќе може да ја проверуваат состојбата на средствата, како и да прават преглед на извршените трансакции. Venmo е одличен сервис за поделба на сметка во ресторан или кафе бар со тоа што корисниците може разликата директно да си ја префрлат на картичка.

Продолжи со читање

Странски банки

Државната банка на Виетнам со драстични мерки против епидемијата од коронавирусот

Објавено

на

Централната банка на Виетнам им нареди на комерцијалните банки да ги елиминираат, намалат или одложат каматните исплати на кредити од компании кои се соочуваат со значајни загуби како резултат на појавата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно